7 совети како да пронајдете љубов за 7 дена
Сами сте и немате идеја како би ја запознале својата љубов? Упорно се трудите да пронајдете совршена личност за вас, но сите обиди ви завршија неуспешно?
Потрудете се малку повеќе и следете ги овие 7 совети кои за најбрз можен рок ќе ви донесат голема среќа во љубовта.
1. Забележувајте ги момците\девојките во ваша близина
Колку точно време всушност поминувате анализирајќи ги луѓето околу вас? Одвојте неколку минути дневно и некој навистина може да ви падне во око.
2. Друштвени мрежи
Сигурни сме дека ако подобро ги разгледате вашите профили на социјалните мрежи ќе најдете интересни пријатели, мистериозни пријатели на вашите пријатели, луѓе со кои делите исти интереси...
3. Страници за љубовни состаноци
Можеби звучи како филмско сценарио, но никогаш не знаете каде може да ја пронајдете својата љубов.
4. Кафе со пријателите
Бидете отворени за дружење и забава, никогаш не знаете кога некој од вашите пријатели планира да донесе нова интересна личност.
5. Женска\машка вечер
Кога ќе излезете со најблиските пријатели/пријателки не бидете затворено друштво. Опуштете се и проширете го кругот на пријатели.
6. Дајте му\и прилика на оној\онаа која одамна ве освојува
Некој кој има доволно време и нерви да ви пишува, да ви се јавува и да ви дели комплименти и покрај тоа што вие не го забележувате, време да му обратите повеќе внимание. Ако не ве привлече на прв поглед, подобро запознајте се. Може да се изненадите колку привлечен ќе ви стане некој откако ќе ја дознаете неговата намера за вас.
7. Бидете храбри
Направете нешто што мислевте дека никогаш нема. Испратете му пијалок на дечкото кој упорно ве гледа а никако да ви пријде, пратете и цвет на девојката која одамна ја посакувате, започнете спонтан приватен разговор со колегата\колешката која никако да ви се тргне од мислите... Не пропуштајте ниту една шанса само затоа што сметате дека крајниот резултат ќе биде неуспешен.