9 знаци дека тој е Вистинскиот
Секоја врска има точка на вриење, во која или се оди чекор напред и се надминуваат несогласувањата или се оди два назад, во прекинување на врската. Девојките скоро никогаш не се сигурни околу своите момчиња и како тие се чувствуваат во врската.
Но, колку и да изгледа нереално, господинот Совршен сепак постои, но потребно е да умеете да го препознаете. Девојките се познати по тоа што често го менуваат своето милење па вчера кажаното „да, тој е вистинскиот“, веќе за неколку дена станува „не знам дали се уште сакам да сум со него.“ И така, постојано има работи кои истовремено и ви одговараат и не ви одговараат. Но, премислувањето е само мачење, па редно е да сфатите дали имате вистински, свесен, квалитетен маж покрај вас, кој ќе ве направи среќна и задоволна девојка.
Љубовните психолози велат дека постојат јасни знаци според кои можеме да знаеме дали да размислуваме во правец на заедничка иднина или да „бегаме“ на време.
Нема ништо против вашите слатки гревови
Момчето кое ќе ве затече како јадете чоколади, мафини и други слатки, а при тоа не се возбудува иако веќе имате неколку килограми вишок е вистински материјал за вас. Иако изгледа наивно, тоа покажува дека тој ве гледа вас како личност, а не само фигура.
Се фали со вас наоколу
За разлика од мажите кои ги кријат своите партнерки од сите, како змија нозете, оној кој има сериозни намери со вас, нема да има проблем да ве запознае со роднините, пријателите и при тоа да биде горд на вас. Момчето кое нема проблем да ве спомне во разговорот со соседот или колегата од работа, мили дека сте прекрасна, паметна, убава и едноставно сака тоа да го сподели со другите.
Ги сака вашите миленичиња
Тој го сака вашето немирно кученце, или бар се преправа дека го сака, или едноставно не се жали дека му пречи. Кога нема кој, се нуди да го чува, а при тоа не приговара за влакната во станот. Ова кажува дека ваквото момче е спремно на толеранција, само затоа што ве сака. Тој знае дека вие го сакате своето куче, па го сака и тој... и тоа е најнормална работа.
Добро се носи со вашите напади на лудило
Понекогаш на жените им се случува да полудат и да тргнат во мисија на „мелење мозок“ на својот партнер. Тука спаѓа викањето без причина, плачење, преувеличување на непостоечки ситуации, обвинувања и уште низа други пикантерии. Мажот кој во тој момент ќе сфати дека вие сте само ранлива или уплашена заради нешто и при тоа ќе пријде и ќе ве гушне, без размислување е вистинскиот за вас.
Се согласува да прави работи кои инаку не би ги правел
Тој ќе се согласи со вас да помине во 15 продавници пред вие да го најдете совршениот пар фармерки. Тој ќе се сложи да ве носи на масажа и да ве почека додека завршите. А зото би го правел тоа, ако не ве сака?
Сака да ви угоди во кревет
Можеби во почетокот и не бил најдобриот љубовник на светот, но со тек на време забележувате дека почнува да прави работи за кои знае дека ви се допаѓаат. Тоа значи дека внимателно ве следи, дека забележал на што како реагирате, дека ја слушнал секоја ваша воздишка и дека вашето задоволство е битно исто колку и неговото.
Не е љубоморен
Иако многу девојки мислат дека љубомората покажува колку му значите, сепак таа е опасна работа. Љубомората не е знак дали ве сака или не, тоа е знак дека е тој несигурен во себе. Љубомората може да ви го направи животот пекол. Оној кој ве сака, ќе верува во вас.
Свесен е дека не сте „залепени“
Момчето кое знае дека вие пред врската сте биле посебни индивидуи, знае дека и во нејзе не треба да се претворите во сијамски близнаци. Тоа значи дека тој и понатаму ќе излегува со пријателите и ќе го прави она што и пред вас го правеле среќен, истото важи и за вас. Вие сепак различни личности, со различни потреби и желби.
Знае како да се однесува во кавга
Некои мажи, не пропуштаат во секоја кавга да зададат низок удар. Тоа никако не е добар знак. Мажот кој знае да застане зад својот став,а при тоа да не ве навреди е вистинскиот.