Која интимна депилација е идеална според мажите?
Ако некогаш сте правеле бразилска депилација и се изложувавте на страшна болка само затоа што мислевте дека мажите тоа го сакаат, имаме добри вести за вас.
Мажите не се толку загрижени за женскиот изглед на бикини зоната колку што мислевте. За нив не е неопходна бразилска депилација за да уживаат, односно целосно отстранување на влакната.
Новата анкета која е спроведена помеѓу илјада мажи, открила дека на мажите не им е најомилен овој тренд, туку тие преферираат уредна бикини зона што немора да значи неподнослива болка.
Од испитаниците, дури 43 проценти преферираат интимна депилација наречена Бермудски триаголник, а само 12 проценти би сакале девојките да имаат бразилска депилација.
Оваа анкета секако не може да одговори на барањата на сите мажи, но сепак е одлична утеха за жените кои не го сакаат целосното отстранување на влакна заради неверојатната болка, како и здравствените ризици.