Топ 10 непријатни работи од кои црвенееме

Мора да признаеме дека барем еднаш во животот сме биле во ситуација поради која сме посакале „земјата да не проголта“ секако поради непријатностите.

top-10-neprijatni-raboti-od-koi-crveneeme

Ова се десетте непријатности кои се случуваат почесто отколку што се зборува за нив.

1. Ретка, но толку непријатна ситуација после која и омилениот шопинг ја губи својата вредност е онаа кога за време на забавата за која сте ја облекле новата облека, некој од познатите пристојно ве потапка по рамо и ве запраша: „Зарем навистина толку чини?“, јасно давајќи ви до знаење дека сè уште ја носите белешката на која што виси цената.

2. Понекогаш лажните изговори може да направат да се почувствуваме непријатно. Добро е познат моментот за многумина кога поради наводен умор и исцрпност откажуваме излегување со некој пријател, па во текот на вечерта случајно налетуваме на него во некој клуб додека супер се забавуваме со некое друго друштво.

3. Ова мора да признаете ви се случило повеќе пати: сте тргнале да бакнете некој познат при некоја средба, а тој ви возвратил со ракување...

4. Најпосле сте се охрабриле и на најдобрата пријателка сте и откриле сè што мислите за нејзиното бившо момче, а потоа сте посакале „земјата да ве проголта“ бидејќи таа ви кажала дека се смирила со него.

5. Ја замолувате продавачката да ви донесе облека со вашата големина за да ја пробате, а таа љубезно ве изненадува со два броја поголема облека од онаа што ја носите.

6. После повеќечасовно уживање на плажа сфаќате дека цело време ви се гледа конецот од тампонот.

7. За време на вежбање во теретана со супер згоден/згодна инструктор/ка пред кој/а вложувате максимален напор за да ги направите вежбите, ви се случува да испуштите „ветер“.

8. Ситуација кога тајниот мејл освен кај еден колега, по случајно кликање на наредбата reply-all“ завршува кај сите како доказ дека ви се допаѓа колешката од соседниот оддел, навистина ќе направи да се чувствувате непријатно.

9. Сте се задлабочиле во некоја мисла на неколку секунди и по „освестувањето“ сфаќате дека гледате во некој непознат/а кој/а дури и ви го возвраќа погледот па дури и ве освојува.

10. Ве запознаваат со фраер/„риба“ за кој/а откако му/и ја пружите раката сфаќате дека е истиот/истата со кого сте поминале тајна и незаборавна, бурна ноќ. А тој/таа студено ви возвраќа со ракување и ви се преставува како никогаш да не ве видел/а...

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg