Факти за сексуалната привлечност

Многу факти делуваат на тоа дали некој ви е привлечен или не, а повеќето се одвиваат потсвесно така што ни самите не знаеме зошто некој нè привлекува.

fakti-za-seksualnata-privlecnost

Вечно е прашањето што нè привлекува кај спротивниот пол, а што не. Одбравме неколку интересни истражувања кои даваат одговори на ова интересно прашање.

Годините на вашите родители

Истражувањата откриваат дека децата кои имаат повозрасни родители, подоцна во животот ќе ги привлекуваат повозрасни личности, додека децата кои имаат помлади родители, ќе ги привлекуваат помлади. Ако родителите ве добиле на малку постара возраст, сте израснале гледајќи ги нивните постари лица, па затоа брчките и повозрасниот изглед на лицето ве потсетуваат на поврзаност, љубов и привлечност. Тоа особено е изразено кај жените кои имале повозрасни родители.

Љубовта е во воздухот

Колку и да не сакате да признаете, хормоните во голема мерка нè одредуваат. И мажите и жените тие информации ги „собираат“ од воздухот, односно со носот, несвесно. Кога жената е во плодниот период, ги привлекува мажите баш поради хормоните кои ги лачи. Мажите кои што имаат повеќе тестостерон им се попривлечни на жените кои нивната машкост ја чувствуваат потсвесно, по пат на мирис. Од сето ова би можело да се каже дека љубовта, навистина е во воздухот.

Чувството на глад го менува погледот

Едно истражување докажало дека мажите кои во моментот на истражувањето се гладни, преферираат жени со облини. Истите мажи кога се сити, би одбрале жена со средна телесна тежина или дури и слаба жена. И повторно, сè е до мозокот – кога станува збор за глад, жената станува синоним за изобилие и благосостојба. Станува збор за несвесни реакции кои силно делуваат на сексуалниот живот.

Бојата на гласот

Жените најчесто не се свесни за тоа, но мажите „паѓаат“ на пријатен женски глас и тоа во голема мерка влијае на сексуалната привлечност на жената. Истражувањата покажале дека мажите сакаат пријатни и нежни женски гласови, а не премногу високи или премногу длабоки. Многу мажи не ги гледаат потенцијалните физички мани кога ќе ги заведе пријатен женски глас кој е еден од симболите на женственоста.

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg