4 знаци дека пријателот наскоро ќе ви стане момче
Вие двајца веќе подолго време сте најдобри пријатели, но вашето блиско пријателство сè повеќе почнува да личи на романтична врска. Се доверувате еден на друг, уживате кога сте заедно и полека забележувате дека не ви се допаѓа неговата девојка. Погледнете кои знаци откриваат дека најдобриот пријател полека се претвора во ваше момче.
Забележувате дека вашиот најдобар пријател се почесто ве држи за рака, се слушате по неколку пати на ден и само е прашање на време кога ќе се случи првиот бакнеж.
Коментари
Вашите заеднички пријатели го провоцираат вашето пријателство. Ве задеваат, ви сугерираат дека би биле совршен пар, како баш супер се согласувате... Кога и да сте во поголемо друштво, баш вие двајца некако се издвојувате, осамувате, разговарате за нешто... Сето тоа укажува дека можеби вие двајца сте идеален спој.
Чести телефонски повици
Се слушате на телефон барем неколку пати во текот на денот. Дури и непосредно пред спиење се јавувате на неговиот повик. Ви се допаѓа да разговарате незадолжително, релаксирано за тоа што сте правеле, како сте поминале на ручек, што правите сега....
Симпатични прекари
Имате свои меѓусебни прекари. Го викате како никој друг што не го ословува. „Душо“, „Срце“, се само едни од тие. Нему тоа не му пречи, често ужива. Пријатно ви е кога ќе го чуете познатиот глас. Имате заеднички фрази, мимика, поздрав...
Незадолжителни допири
Се однесува понежно кон вас. Често се допирате, а неговите раце просто „паѓаат“ по вашиот грб и раменици. Сето тоа укажува дека е на повидок првиот бакнеж.