5 начини како да ја уништите и најсовршената врска

Иако мислите дека вашата врска е совршена и дека ништо не може да ја разниша, сепак постојат некои работи кои ги правите несвесно или намерно, кои за момент можат да ја уништат добрата и среќна врска.

5-nacini-kako-da-ja-unistite-i-najsovrsenata-vrska

Според најновите истражувања ова се петте начини кои може да ја уништат и најсреќната врска.

Престанување на меѓусебната комуникација

Можете да зборувате што сакате, но еднаш кога ќе престанете со партнерот да ги разменувате чувствата и мислите кои ви се мотаат по главата, прекинот е неизбежен. Состојбата на „мирување“ набргу ќе го избледи сè она што било добро и затоа пред да почнете взаемно да се игнорирате, бидете подготвени на најлошото.

Ако не сакате да дојде до тоа, натерајте се секојдневно да ги истражувате своите чувства, зборувајте за она што сте го правеле или за она што би сакале да го правите.

Комуникацијата е клуч на успехот, немојте тоа да го заборавите!

Го земате партнерот/партнерката здраво за готово

Да, тој или таа ве одбрале токму вас и тука се затоа што сакаат, а не затоа што мораат. И немојте тоа да го заборавите ниту во еден момент! Потсетете го својот сакан/а зошто е така посебен/посебна и немојте да заборавите да кажете „благодарам“ кога ќе направи нешто за вас, бидејќи малите работи се темел на добрата врска.

Напади на љубомора

Да, сите ние сме луѓе и понекогаш не можеме да ги контролираме емоциите. Сепак во некои ситуации би требало да постојат граници – немојте да го проверувате мобилниот телефон на партнерот/партнерката, ниту мејлот само затоа што сте љубопитни.

Наметливо однесување

Индивидуалноста е важна и затоа внимавајте како се однесувате. Ако партнерот/партнерката сакаат да излезат со своето друштво, немојте да го/ја спречувате. Почитувајте ја нејзината/неговата желба и немојте да се наметнувате.

Ултиматуми

Тоа навистина никој не сака да го слуша и повеќе од јасно е поради што.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Му станав лична чистачка“ - Најтешките работи во бракот за кои никој не зборува „Во бракот има тешки мигови и не е дека има само пеперутки, но најголемата грешк...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg