15 совети како да започнете разговор со личност која ви се допаѓа
На сите ни се има случено. Ќе видите згодна девојка/момче и одеднаш се блокирате. Што би кажале? Ќе ги запрашате за име? Што учи/работи?
Следат 15 предлози кои ќе ви ја олеснат ваквата ситуација:
1. Ако сте на автобуска станица и чекате автобус или воз..., коментирајте дали доцни. Бидете љубезни, бидејќи ако го изговорите тоа со вкочанет тон ќе звучите нервозно.
2. Прашајте каде се наоѓа најблискиот тоалет/кафуле. А ако биде љубезен/а прашајте дали може да ви покаже барем дел од патот.
3. Спомнете го времето. Досадно, но најлесно изводливо бидејќи луѓето сакаат да разговараат за времето.
4. Прашајте за мислење за актуелна вест. Дали му/и се допаѓа некоја личност, или зависно од приликата дали ќе оди на популарен концерт или слично.
5. Ако свири музика прашајте дали можеби знае кој ја пее песната или запрашајте дали му/и се допаѓа музиката во тој локал.
6. Разговарајте за храната. Ако почувствувате некој мирис прашајте дели знае од каде доаѓа бидејќи би отишле баш тоа да го јадете. Повеќето луѓе сакаат да разговараат за храната.
7. Искористете го опкружувањето. Спомнете го тоа што го гледаат околу себе или клубот во кој би сакале да отидете, а потоа прашајте дали и тој/таа би сакале да појдат со вас. Оставете свој контакт.
8. Само преставете се. Доволно доближете се, останете мирни и сталожени. Ќе го/ја изненадите.
9. „Твоето куче е преслатко“ дадете комплимент за некоја негова/нејзина работа, било велосипед,патики, јакна...
10. Пошегувајте се. Но, бидете внимателни шегата да не ви биде навредлива.
11. Ако сте во кафуле, запрашајте го/ја дали оди и во друго кафуле и во кое. Кажете дека вашето омилено кафуле се реновира баш сега....
12. Пратете пијалак. Нека биде едноставно и коректно. Немојте да инсистирате или подоцна да приговарате како сте го платиле пијалакот, а таа/тој не сака да разговара со вас.
13. Дали си пораснал/а овде? Ова е интимно прашање, но отвора нови можности за разговор.
14. „Ми се допаѓа твојата фризура“. Уште еднаш, комплимент а кој тешко може да му се одолее.
15. „Може ли да го добијам твојот број“. Можеби е подобро така да се почне ако веќе одредено време се „гледате“ на исти места.