За мажите и прегратката е неверство
Што се се смета за неверство и изневерување? Додека за некои изневерувањето вклучува секс, има и такви кои се чувствуваат изневерено и поради некои други однесувања како што е излегувањето на вечера, прегрнување...
Во истражувањето учествувале 456 студенти, на кои откако им се дадени 27 примери на различно однесување морале да наведат што од наведените постапки сметаат за неверство и во која мерка, особено во долгите врски.
Давале оценка од 0 до 100. Со тоа што нула значи дека дејството не го сметаат за неверство, а 100 за она што го сметаат за апсолутно неверство.
Научниците дошле до заклучок дека оние кои во врската се чувствуваат несигурно склони се како неверство да сметаат и некои вообичаени однесувања.
Оние кои избегнуваат сериозни врски поинаку гледаат на неверството, па на сексуалниот однос, како изневерување, му дале помала оценка во однос на останатите однесувања.
Еве што сè и во која мерка се смета за изневерување:
- Француски бакнеж: 87,7
- Праќање на разголени фотографии: 88,2
- Праќање на еротски пораки: 82,6
- Спиење во ист кревет: 68,4
- Држење за рака: 63,2
- Длабока емотивна поврзаност: 52,4
- Седење во скут: 52,2
- Излегување на вечера: 41,4
- Делење на тајни: 36,5
- Повеќе од десет секунди прегрнување: 34,5
Што преставува неверство за вас?