Тест: Како реагирате на маните од партнерот?
Кога сте се запознале сте биле уверени дека тој/таа е вистинската личност и дека најпосле сте пронашле сродна душа. Времето ве дематира и по неколку месеци заеднички живот постојано ги откривате маните.
Одговорете на понудените прашања и дознајте како ги прифаќате недостатоците на саканата личност.
1. Што знаете за животот на својот партнер пред да го/ја запознаете?
А) За претходниот живот не разговараме.
Б) Знаете сè и најситните детали.
В) Сте дознале се што ве интересирало.
2. Дали сте почнале да правите заеднички и долгорочни планови?
А) Постојано разговараме и правиме нови планови.
Б) Секој негов/нејзин план е и ваш, и обратно.
В) Имаме различни планови, некои се поклопуваат, а некои не.
3. Дали ви се случува мозокот за момент да ви застане и да не можете да се сетите:
А) На неговиот/нејзиниот роденден.
Б) Неговиот/нејзиниот број на телефон.
В) Адресата на неговите/нејзините родители.
4. Секоја вечер вашиот партнер/партнерка води долги разговори со својата мајка.
А) Не ви пречи, дури и вие убаво ќе си поприкажете со неа.
Б) Веќе сте му/и рекле дека ви е драго што одржува добар однос со својата мајка, но јасно сте ставиле до знаење дека мора да ја пресече папочната врвца.
В) Сте поставиле ултиматум – или разговорите ќе бидат сведени на еднаш неделно или секој пат ќе излегувате од дома кога тој/таа ќе биде на телефон.
5. Кој го/ја познава подобро?
А) Најдобриот пријател/пријателка.
Б) Вие.
В) Неговата/нејзината мајка.
Најмногу одговори под А):
Ги прифаќате сите негови/нејзини мани
Кога е тој/таа во прашање, вас навистина ништо не може да ве изнервира. Го/ја сакате и прифаќате онаква/онаков каков што е. Сепак, немојте премногу да попуштате. Кажете што ви пречи. Искрено разговарајте. Замерките не значат дека не го/ја сакате.
Најмногу одговори под Б)
Добро ги поднесувате маните на партнерот
Сега за сега во вашите односи владее добра рамнотежа. Вие главно добро ги поднесувате повеќето мани. Сепак, не сте подготвени да прифатите баш сè. Кога нешто ви пречи тактично го соопштувате проблемот.
Најмногу одговори под В)
Почнавте да се двоумите
Било да се маните непремостливи или ги има премногу, во секој случај во последно време помислувате дали е тој/таа вистинската. Но, знајте дека ни вие не сте совршени. Време е да научите да ги прифатите неговите/нејзините мани или да го смените партнерот/партнерката.