11 тајни на успешните врски

Модерните врски и врзувања често пати завршуваат со неуспех само затоа што сè уште не ја знаат тајната формула на љубовта. Совршената љубов не постои, совршените партнери исто така, па затоа прилагодете се на убавините кои ги доживувате како несовршен пар.

11-tajni-na-uspesnite-vrski

Да, сите посакуваме успешни врски во кои љубовта и верноста се приоритет, но сепак не е така едноставно.

За да успеете да создадете љубовна врска во која и двајцата ќе уживате, вложете малку повеќе труд за да ги остварите следниве нешта:

1. Бидете си самите на себеси приоритет. Колку и да звучи себично, никогаш нема да сте задоволни со другиот ако не сте задоволни со себе.

2. Забавата не значи изневерување. Допуштете си разговори, па дури и малку флерт со други луѓе. На крајот на денот, повторно ќе се вратите кај вашата љубов.

3. Луѓето во успешните врски си се доволно потребни за да уживаат еден со друг, и доволно силни за да функционираат и сами.

4. Социјалните мрежи нека бидат заедничка забава. Тоа не значи дека треба да имате ист профил, но сепак практикувајте го Фејсбукот и Твитерот само за забава и ништо повеќе.

5. Партнерите во успешните врски се жалат еден на друг. Без оглед дали се работи за работата, пријателите или пак некој проблем меѓу вас, бидете доволно отворени и разговарајте за она што не ви се допаѓа.

6. Успешните парови понекогаш лажат само за да го сочуваат мирот и спокојот на другиот. Тука нема ништо лошо, се додека од лагите не создавате паралелен свет во кој живеете.

7. Секој партнер во врската има тајни. Љубовта, разбирањето и верноста не се заснова на тоа да ја споделувате секоја тајна. Напротив, дозата на мистериозност укажува на тоа дека не се губите себеси во врската.

8. Успешните врски се темелат на предизвици. Ниту една врска нема да успее доколку не сте подготвени за ризик во било кој дел од животот.

9. Партнерите гледаат други девојки и момчиња, но на друг начин. Забавата и дружбата никогаш не ги сметајте како причина за кавга.

10. Партнерите не секогаш се луди еден за друг. Секојдневието понекогаш ќе ви ги потисне чувствата за него, работата понекогаш ќе биде негов приоритет, но простувањето е тука за да ги ублажи овие проблеми.

11. Партнерите во успешната врска имаат прекрасен секс и по 10 години. Задоволството и физичката љубов се последната, но не најмалку важна тајна.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg