Запознајте ги нејзините родители без страв и трема
Ако ја пронајдовте девојката со која стигнавте до моментот на запознавање со родителите, честитки!
Време е да го победите стравот и тремата која мислите дека ја чувствувате кога станува збор за нејзините родители.
Убедете се дека и тие се соочувале со истото пред повеќе години, па затоа нивното разбирање ќе биде големо.
Ова се најважните нешта на кои мора да обрнете внимание во текот на запознавањето.
Покажете волја и бидете самоуверени
Пред да ги запознаете нејзините родители, распрашајте се за нивните интереси и табу-теми кои никако не сакате да ги спомнете. Избегнувајте емоционални теми, задржете се до своите мислења за поопшти нешта.
Почитувајте и воздржувајте се
Однесувајте се со најголема почит кон нејзините родители и не зборувајте работи кои не сакаат да ги слушнат. Во овој случај, искреноста не ви носи многу поени, туку согласноста. Барем во прво време.
Иницирајте разговори и интересирајте се
Направете го првиот потег кога е неопходно, започнете разговор кога работите ќе се стишат или едноставно, отворете ја темата колку би било прекрасно да одите некаде заедно.
Бидете креативни и посветете внимание на детали
Распрашајте ја вашата девојка кои се омилените нешта на нејзиниот татко, каква храна сака или пак некој спорт. Изненадете ги со информациите и идеите со кои располагате. Предлагајте активности кои се поврзани со нивните интереси. Верувајте, ќе ја ценат креативноста.
Никогаш не ги потценувајте нивните способности
Ако станува збор за нејзиниот татко, секогаш барајте совет од него, иако можеби не ви е неопходен. Тој ќе биде среќен што некако може да влијае на вас или на својата ќерка, преку вас. Истото важи и за мајката. Никогаш не го потценувајте нејзиното влијание. Покажете дека ја разгалувате нивната ќерка и се грижите за неа, ако сакате да ги добиете симпатиите.