Погледнете како се одмаздува навреден маж
Жената заборавила да се одјави од својот и-мејл, мажот седнал на компјутер да ја провери својата електронска пошта и видел дека неговата драга посетува сајт за запознавање.
Тука дознал дека таа преку интернет бара љубовник, но и какво мислење има за него како сопруг. Смислил како да и се одмазди.
Беки Џејмс, неговата 37 годишна сопруга, на профилот напишала:
„Морам да признам, мојот маж не знае дека сум овде! Мажена сум пет години, но тој е тотален идиот и потполно е луд. Потребно ми е внимание од некој нормален! Сакам две работи во животот- моите коњи и моето Пежо кабиолет. Барам маж кој слично размислува, очекувам дискретност!“
За да и покаже колку е навистина луд, повредениот маж ги зел клучевите од нејзината сакана кола, ја одвезол и ја затрупал со коњски измет. При тоа и го честитал престојниот Ден на вљубените.
Сето тоа го забележал со камера и го поставил на YouTube.
Можеби во некое продолжение, ќе ја видиме и реакцијата на жената :-)