Дали навистина спротивностите се привлекуваат?
Сите имаме слушнато за изреката „Спротивностите се привлекуваат“ и секако дека има нешто во тоа, но вистинското прашање е колку се одразува позитивно на врската, која би сакале да потрае.
Нормално е дека од време на време нè привлекуваат личности кои се поинакви од нас и тоа веројатно затоа што имаат особини кои нè фасцинираат и кои би не' надополниле. Но, таквите познанства се погубни за врските на долги патеки.
Затоа, ако често „паѓате“ на личност која е потполно различна од вас, знајте дека таквата врска во почетокот можеби и ќе функционира, но, ако планирате нешто посериозно...тогаш внимавајте.
Врските во кои луѓето се потполно различни, потешко функционираат затоа што бараат повеќе преговори и прилагодувања.
Со создавањето на компромиси партнерите губат дел од себе и не можат потполно да се однесуваат онака како што би сакале, па со време може да стане напорно за двајцата партнери.
Ако сте во потрага за партнер, тогаш внимавајте на овие работи:
- Енергичност – ако вашиот партнер сака почесто да излегува, три пати седмично, а вие не сакате, повеќе би сакале да уживате дома – тогаш запрашајте се дали тоа ви одговара, бидејќи на вашиот партнер ќе му пречи ако вие постојано бидете дома и никаде не излегувате, а вие пак со време ќе станете љубоморни на неговите излегувања.
- Лични навики – обрнете внимание на вашите навики, колку се компатибилни. Тоа вклучува уредност, точност, хигиена на телото, пушење и друго. Ако вашиот партнер има всадени/научени поинакви навики од вашите, тоа би можело да преставува проблем.
- Пари – ако еден од вас сака да штеди за иднината, а другиот има неодолива желба за трошење и уживање во сегашноста, тогаш порaно или подоцна ќе дојде до судир на интереси.
- Вербални вештини – ако едниот е гласен и сака многу да зборува, додека другиот повеќе сака да ужива во тишината – таа врска нема долго да трае, барем не среќно.
- Интереси – тоа е можеби најважниот фактор од сите наведени до сега за да функционира врската. Интересите се тие кои ќе ве зближуваат и надополнуваат како пар, во спротивно нема да поминувате многу време заедно, туку ќе бидете со пријателите или некој друг кој ќе ги дели истите интереси како и вие, па тоа нема да биде квалитетна врска.
Затоа, следниот пат кога ќе запознаете некоја личност која што ќе ве привлекува, внимавајте на овие фактори. Ако таа/тој е потполно поинаков/поинаква од вас, тогаш добро размислете пред да влезете во врска. Но, сепак не морате веднаш да побегнете, можеби таа личност има способност за добро прилагодување и правење компромиси.