Вака почнуваат повеќето љубовни афери на работа

vaka-pocnuvaat-povekjeto-ljubovni-aferi-na-rabota-1

Со нова анкета е утврдено дека повеќе од половина канцелариски афери започнуваат всушност со невино флертување помеѓу колегите, односно користење на знаци за емоции (смајли) со праќање на бакнежи во облик на буквата Х на крајот од мејлот или пораката.

Онлајн сервисот за парови WhatsYourPrice спровел анкета во која учествувале 1000 британци. Меѓу нив дури 40 проценти од жените и 10 проценти од мажите се изјасниле дека употребуваат смајли во и-мејл пораките кои им ги праќаат на своите шефови, додека 86 проценти употребуваат смалји во мејловите наменети за колегите.

Во многу случаи праќањето смалји во електронската комуникација може погрешно да се протолкува. Така и мажите и жените може погрешно да го доживувеат електронскиот бакнеж, додека нивните колеги на тој начин покажале само пријателски онлајн бонтон.

vaka-pocnuvaat-povekjeto-ljubovni-aferi-na-rabota-2

Во таа смисла со оваа анкета е откриено дека дури 35% жени и 25% мажи доживеале дека нивните пораки со смалји се погрешно протолкувани како пораки со сексуална содржина. Доволно говори податокот дека за 55% жени и 60% мажи кои имале афера на работа, сè всушност започнало со смалји во пораките.

Учесниците во оваа анкета сметаат дека електронските бакнежи на крајот од пораката се еден од позначајните сигнали на привлечност и дека електронскиот вид на комуникација им дозволува на луѓето да бидат поинтимни со некого отколку при комуникација со телефон или лично.

Неверојатни 90% жени и 85% мажи кога ќе добијат порака со Х пред првиот состанок сметаат дека тоа им ги зголемува шансите за интимен однос, додека 82% жени и 70% мажи велат дека повеќе Х-ови во порката или мејловите покажуваат и поголема заинтересираност и повисок степен на флерт.

Како ги доживувате вие смалјите во праките?

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...
„Прирачник“ за мажи: 12 докази дека таа е жената што ви треба во животот Таа е интелектуално предизвикувачка, односно со неа може да се водат интелектуал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg