Работи со кои несвесно жените ги одбиваат мажите

raboti-so-koi-nesvesno-zenite-gi-odbivaat-mazite-1

Можеби потенцијалните партнери ги одбива некоја ваша навика, а за тоа не сте свесни. Затоа ви преставуваме десет апсолутно погрешни потези поради кои мажите бегаат од жените.

Суетни сте

Да се грижите за својот изглед е едно, но да одите секои пет минути да ја поправате шминката и да се огледувате е друго. Дири и ако мажите го ценат крајниот резултат, дури и оние најтрпеливите нема да уживаат ако постојано ги оставате сами. Претераното дотерување исто така е знак на несигурност, што е уште една работа која им е одбојна на мажите.

Постојано го проверувате мобилниот

Колку и да сте зависни од социјалните мрежи во секојдневниот живот, пишувањето на порака или ставање статус на Фејсбук додека сте не состанок во најмала рака е непристојно и безобразно и така нема да оставите добар впечаток.

Запомнете, таа личност одвоила неколку часа само за вас, па најмалку што можете да направите е да го заборавите мобилниот и да и се посветите.

raboti-so-koi-nesvesno-zenite-gi-odbivaat-mazite-2

Прерано откривање на романтичните цели

Смирете се. Можеби биолошкиот часовник ви отчукува, но ако веднаш откриете дека сакате дете што побргу, потенцијалниот партнер ќе го направите нервозен. Бомбардирањето со прашања за бракот, децата и сериозна врска е гарантиран начин мажот да побегне од жената.

Циција сте

Додека традицијата налага дека мажот е тој кој треба да ја плати сметката – особено ако станува збор за прв состанок и ако тој ве поканил – ако не се понудите да платите можете да оставите впечаток дека сте циција или дека само ги сакате неговите пари. Ако тој ја плати вечерата, пристојно е барем да понудите подоцна да го платите пијалакот.

Говор на телото

Излегувањата може да предизвикаат нервоза и со говорот на телото да го покажете својот страв. Стиснати раменици, не гледање во очи, благо наклонета глава, нервозни движења со рацете, грицкање на нокти, сето тоа може да каже – јас сум нервозна, неспремна и несигурна. Без разлика колку сте нервозни, обидете се да го контролирате говорот на телото.

Претерана неизвесност

Имате свој стан, возите свој автомобил, голем круг на пријатели и толку исполнет социјален живот да ви е речиси невозможно да најдете време за излегување. Не е ни чудно што потенцијалниот партнер се чувствува обесхрабрено. Тешко им е да одредат каде точно би можеле да се вклопат во вашиот пренатрупан живот – речиси не ви е ни потребен. На вас останува да покажете дека во вашиот живот има место за него и за исполнета врска.

Секогаш доцните

Не е проблем ако од време на време задоцните петнаесетина минути, но ако сте една од оние жени кои секогаш доцнат, веројатно малку повеќе го тестирате неговото трпение.

Ако со него во пар не сте во состојба да стигнете на време, откривајте ги негативните особини кои повеќето луѓе сакаат да ги избегнат.

Тоа зборува за недостаток од организациони способности и дека не ја цените личноста која ве чека. Значи, или обидете се подобро да се организирате или ризикувате потенцијалниот „господин вистински“ да ви се лизне низ прсти.

Премногу зборувате

Поради нервоза може премногу да зборувате, но никој не сака едносмерна комуникација и само да седи и да слуша за луѓе кои не ги познава. Ако сакате повторно да ве повика на состанок, престанете постојано да зборувате и дајте му можност да каже нешто за себе. На крајот од краиштата, како ќе знаете дека е ваш тип ако не му дадете можност нешто да каже.

raboti-so-koi-nesvesno-zenite-gi-odbivaat-mazite-3

Постојано сте на диета

Излегувањето со некој кој постојано ги брои калориите или има посебни барања во рестораните бргу досадува. Тоа открива и прикриена суета и несигурност. Едноставно – не  е привлечно. Секако дека има смисла здраво да се храните, но од време на време може да направите исклучок.

Зборувате за бившите

Секако дека сите имаат своја љубовна сторија, но претераното зборување за бившите, во позитивно или негативно светло, не е она што потенцијалниот партнер би сакал да го слушне. Така само звучите како да не сте ја преболеле минатата врска и дека не сте подготвени за нова. Затоа не зборувајте за бившите и мислете на иднината.

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg