Технологијата и преболувањето

Преболувањето на врска секогаш било тешко да се изведе. Но “благодарејќи” на технологијата, сега е дури уште потешко да ги преболите бившите партнери.





Еве како луѓето ненамерно го одложуваат преболувањето, за вина на технологијата. Но, ние ви нудиме неколку тактики како да ги избегнете овие одложувања:

Препочитување на сите е-маилови што партнерот ви ги пратил.
Некои луѓе ова го прават секој ден, со месеци и години, барајќи нешто што би им прикажало каде згрешиле или дали нешто пропуштиле. Мисењето во таа насока ги одржува спомените живи, што вам не ви оди во корист.

Што можете да направите?
Дозволете си да ги препрочитате тие пораки додека се наоѓате во фазата на сожалување. Но кога ќе решите комплетно да се опоравите, само избришете ги сите пораките што сте ги примиле, но и оние што сте ги пратиле. Ако не сте доволно храбри да го изведете ова, тогаш едноставно препратете ги сите пораки на најдобриот пријател, се додека не станете доволно силни за комплетно бришење.

tehnologijata-i-preboluvanjeto1
Зачувување на сите смс пораки во мобилниот телефон.
Како и со маиловите, препочитувањето на смс пораките од вашиот мобилен телефон, само ќе го одложи вашиот пат кон преболувањето.

Што можете да направите?
Избришете ги сите смс пораки од вашиот телефон, и дајте си за право да го избришете и неговиот мобилен телефон. Ова ќе биде тешко да се изведе, но запаметете дека бришењето ќе биде правилен чекор за полесно да го преболите. Ако ова изгледа за вас невозможен чекор, тогаш поченте со бришење на една порака на ден, додека не ги избришете сите.


Проверување на профилот на партнерот на MySpace или Facebook.

Ова е најлошиот начин со кој технологијата ни го одолговлекува преболувањето. Овие социјални мрежи ни се најбрз прозорец кон нивната интима, расположение, статус, активност.. Можете лесно да проверите дали тој ги избришал сликите од вас, го сменил статусот и најлошото од се – можете да ја видите неговата нова партнерка. Бидете внимателни – ова може да прејде во опсесија.

Што можете да направите?
Да го избришете од листата на пријатели и блокирајте го. Другата опција е да го избришете својот профил одреден период, а потоа вратете се назад. Преорганизирањето на вашиот профил, нека значи преорганизирање на вашиот живот.

Но,технологијата може и да ви помогне низ процесот на преболување. Ако не можете сами, тогаш вклучете се на некој од блоговите каде што луѓето споделуваат за своите неуспешни врски, за љубовта, дури и за како да го вратите.

Ви посакуваме успешно преболување!Wink

Би можело да ве интересира:

„Му станав лична чистачка“ - Најтешките работи во бракот за кои никој не зборува „Во бракот има тешки мигови и не е дека има само пеперутки, но најголемата грешк...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...
Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“ „Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно мн...
Што сакаат жените од нивните партнери за да бидат среќни, според психолозите? Жените сакаат да минуваат квалитетно време со партнерот, без разлика дали ќе раз...
Жени споделуваат смешни (и засрамувачки) незгоди од секс за време на бременост „Бев околу четвртиот месец во бременоста и користевме некој нов лубрикант, како ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg