9 предупредувачки знаци дека бракот ви е во криза (и сте пред развод)
Не разговарате за навиките што ве нервираат, не сте отворени еден со друг и забележувате нагли промени во однесувањето на партнерот.
За среќен брак, потребна е љубов, но има и низа други работи кои се исто важни.
Ако вие и партнерот не се трудите, бракот нема да опстане сам од себе.
А, ако ги забележувате следниве знаци, време е повеќе да се посветите еден на друг:
Не разговарате за навиките на партнерот што ве нервираат
Нормално е да има работи во однесувањето на партнерот што ве нервираат, а важи и обратното.
Важно е да разговарате за овие ситници бидејќи нема да престанат да ве нервираат.
Ако избегнувате разговор и наоѓање заедничко решение, тогаш веројатно чувствувате презир кон партнерот и нема да издржите уште долго заедно.
Не внимавате на начинот на којшто разговарате еден со друг
Не е важно само што ќе кажете, туку и како ќе го кажете.
Ако вие или партнерот се однесувате дрско, повишувате тон и главно не внимавате како се изразуваат, тоа дефинитивно не е добар знак за вашиот брак.
Не сте отворени еден со друг
Искреноста и отвореноста се едни од најважните нешта во врската и бракот.
Ако, на пример, вие се соочувате со проблем, а не му кажете на партнерот и се изолирате од него, ова ќе го влоши вашиот однос.
Партнерот зборува лошо за неговите поранешни партнери (и ве споредува со нив)
Во ред е да немате добро мислење за бившите партнери.
Но, ако вашиот партнер постојано ги спомнува неговите бивши и ја користи секоја можност да ги критикува, ова е лош знак.
Уште полошо ако ве споредува со нив.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_108728_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_112963_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_107351_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_111923_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_112320_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_113655_400.jpg)