Секс во лифт
Ако не сте пробале секс во лифт - ништо не сте пробале. Тоа е неверојатно возбудливо, опасно и интересно искуство, уверуваат неколку стручњаци.
Ви претставуваме мали корисни совети кои мора да ги знаете пред да се упатите кон лифтот. Ако сте срамежливи не читајте надолу!
- Пронајдете стар модел лифт и веднаш проверете дали има копче СТОП кое ќе ви овозможи да се заглавите меѓу катовите. Новите лифтови реагираат со аларм ако стиснете Стоп, а последно нешто кое ви треба е да бидете фатени на дело.
- Внимателно одберете го делот од денот кога е најмала веројатноста некој да ве види. Доцна навечер или рано изутрина можеби се најдобри термини за вашиот мал експеримент.
- Девојката задолжително мора да носи сукња или фустанче. Така се ќе биде поедноставно, а и ако некој наиде може брзо да се покриете. Понесете црна леплива лента во случај да има сигурносна камера во лифтот. Така ќе се заштитите од непосакувани погледи.
Најважно од се е да уживате, а токму можноста да бидете фатени на дело, ја зголемува возбудливоста. Сепак ако не се чувствувате спремни за вакво нешто, секогаш можете да се откажете и да пронајдете друго место. Среќно!