6 знаци дека имате лош сексуален живот (и како да се поправите), според сексолог (18+)
„Добриот секс не е шоу, ниту филм. Нема потреба да си создавате таков притисок“ - вели сексологот Миранда Кристоферс. Кои се знаците дека имате лош сексуален живот и како да се подобрите?
Сексологот Миранда Кристоферс, има своја клиника за советување во Англија и им помага на луѓето што сметаат дека не ги поседуваат неопходните вештини во сексот.
Таа вели дека навистина е проблематично кога некој не верува дека е добар во сексот, затоа што тоа може да доведе до анксиозност за време на сексот, наместо интимниот чин да биде безгрижен и отворен и да се чувствувате безбедно и добро.
Таа за Daily Mail ги споделува шесте знаци што може да укажат дека не сте доволно добри во сексот.
Кои се тие знаци и како да се подобрите?
Можете да имате секс само со изгасени светла
Ова е знак дека немате доволно самодоверба и не се чувствувате добро во сопственото тело, па заради тоа наместо да бидете спонтани, вие сте постојано вкочанети.
Можеби инсистирате да имате секс со изгасени светла или под прекривка, па само на тој начин успевате да се фокусирате на она што ви се допаѓа и прави да се чувствувате добро.
Според Миранда, добро би било да запалите свеќи и да пуштите тивка музика за да се чувствувате посамоуверено.
„Тоа што знаете дека партнерот сака да има секс со вас може да ви ја поткрене самодовербата и искористете ја нивната страст“ – вели таа.
Среде интимниот чин, ви текнало дека сте заборавиле да ја пуштите машината за перење
Според сексологот, сосема е разбирливо да бидете личност која не може да ужива во сексот ако целата куќа не ви е средена.
Па затоа најдобро би било да ги завршите сите обврски што може да ви го одвлечат вниманието среде интимниот чин.
„Сексот е добар кога сме опуштени, возбудени и внесени. Добриот секс исто така, значи и да бидете поврзани со партнерот: да се изгубите себеси во задоволството, да не размислувате ниту за следниот чекор и да уживате во ‘танцот’ со партнерот.
Ако забележите дека ја губите концентрацијата среде секс, почнете да си мислите: ‘Ќе останам фокусиран/а само на тоа што го чувствувам со телото’“ – порачува сексологот.
Се срамите да зборувате за секс
Ако се срамите да разговарате за сексот со партнерот или да му поставите прашање, никогаш нема да знаете со сигурност што е тоа што му се допаѓа, или што сака.
„Можеби вие сакате секс набрзина, а партнерот сака задоволството да трае. Сте разговарале ли за тоа? Често ми се случува ова да го забележам кај партнерите со долгогодишни врски.
Луѓето на почетокот се отворени и разговараат за сѐ, а потоа само продолжуваат да ја следат веќе утврдената рутина во сексот.
Сѐ станува предвидливо, здодевно, не е тоа што сакате да биде. Иако зборувањето може да ви изгледа чудно и потребно е да бидете внимателни и тактични, сепак е мошне важно“ – вели таа.