6 знаци дека имате лош сексуален живот (и како да се поправите), според сексолог (18+)
Не сакате да пробате ништо ново во сексот
Може да ви се случи со сите партнери да ги повторувате истите движења што му биле забавни и возбудливи на претходниот партнер и да верувате дека точно знаете што правите и што е она што ги излудува сите партнери подеднакво.
Но, според Миранда, треба да знаете дека сексот со секој нов партнер е нова приказна.
„Почнувате од почеток и учите заедно. Ова може да важи и ако сте во брак со партнерот со години.
Со текот на годините се менуваат телата, а се менуваат и желбите. Секогаш можете да очекувате да се развива чувствителноста кај партнерот и начинот на којшто сакаат да го допрете“ – потенцира сексологот.
Партнерот речиси никогаш не е заинтересиран за секс
Често се случува некои луѓе да гледаат на сексот како на должност што мора да ја исполнат за да не го вознемират партнерот.
Затоа може да се случи самодовербата драстично да ви опадне, ако вие сте тие што постојано треба да го наговорите партнерот да бидете интимни.
„Потребно е и двајцата партнери подеднакво да го сакаат сексот. Постојат голем број причини зошто нивото на возбуда ви се разликува.
Можеби вие преферирате утрински секс, а вашиот партнер преферира интимниот чин да се случува навечер... Затоа неопходно е да разговарате на оваа тема и да најдете нешто што ви одговара и на двајцата.
Ако претходно сте се расправале и се чувствувате под стрес, можно е партнерот да не сакал во тој момент да бидете интимни. Обидете се на ова да не гледате како на отфрлање.
Исто така добро би било да откриете што е она што прави партнерот да се чувствува повозбудено (забавна вечер заедно, без чувство на задолжителен секс) вашите либида може да станат еднакви“ – порачува сексологот.
Се срамите дека нема да бидете добри во сексот
Добриот секс не е шоу, ниту филм. Нема потреба да си создавате таков притисок, затоа што на најголемиот број луѓе им е потребна искрена поврзаност, интимност и забава.
Мажите често се загрижени за тоа колку долго ќе им трае ерекцијата и многу често се случува и двајцата партнери да се премногу фокусирани на задоволството на другиот.
„Наместо тоа, подобро би било да се фокусирате на физичките стимуланси што ги искусувате. Ако продолжите да осознавате што е она што му се допаѓа на партнерот, веднаш ќе бидете помалку загрижени за тоа какви сте во сексот“ – вели сексологот.
Б. С. Б. | Црнобело