„Гледам порно филмови - како ми влијае тоа на бракот?“ (18+)
„Јас имам 40 години и во брак сум 15 години, од пред извесен период почнав да гледам порно филмови многу почесто од порано. Речиси секој ден во текот на неделата. Повеќе не можам да мастурбирам без порно...“
Сексологот Трејси Кокс редовно споделува совети за читателите на Daily Mail, па така и сега пренесува одговори од мажи на прашањето: „Дали гледаат порно филмови и колку тоа им влијае врз сексуалниот живот?“.
Искрени одговори од неколку мажи на ова прашање:
„Јас имам 40 години и во брак сум 15 години, благодарение на работата од дома во време на пандемијата, почнав да гледам порно филмови многу почесто од порано.
Речиси секој ден во текот на неделата. Повеќе не можам да мастурбирам без порно, што не беше случај пред 3-4 години.
Мислам дека поради паметните телефони нашата врска со порно филмовите се измени, па сега дури имам и специфични видеа кои си ги гледам и си ги ставам во омилени.
И мојата сопруга, исто така, си гледа порно. Си оди во спалната соба и одвојува време за себе.
Дури знам и кои категории ѝ се омилени, додека јас, пак, експериментирам со категориите, сакам разновидност.
Мислам дека тоа што го гледаме не влијае на тоа каков е нашиот секс во реалноста. Односно порното воопшто не ми влијае негативно на сексуалниот живот.
Луѓето кои се против порно филмовите, се и против мастурбација и против користење на секс играчки. Јас лично немам ништо против“.
„Јас имам 34 години и моите искуства со порно филмовите се и добри и лоши. Сега гледам, но сакам да имам самоконтрола.
Пред околу 3 години почнав да гледам ваков тип на содржини по неколку часа секој ден и тоа беше единствениот начин на кој можев да постигнам оргазам.
Претераната мастурбација дури направи да имам болен и чувствителен пенис.
Ми влијаеше негативно и на бракот, затоа што почнав да не иницирам секс и да немам потреба за секс. Постојаното гледање порно направи да ми е тешко да доживеам оргазам со мојата сопруга“.