Што ја намалува желбата за секс кај жените, а што кај мажите? (18+)
1. Мажите секогаш сакаат и можат?
Тоа е стар мит, во кој посилниот пол сака да верува. Ако тоа не им оди од рака, почнува да им се јавува фрустрација.
2. Дали навистина постојат мажи кои немаат желба за секс?
Според експертите, приближно 15% од мажите се жалат на недостаток на сексуална желба. Во многу случаи, причините се стресот и секојдневното преоптоварување.
Проблемите во врската кај мажите играат помалку важна улога отколку кај жените.
На мажите повеќе им успева да ги одделат проблемите во врската од сексуалната желба.
3. Како се појавуваат ситуации кога мажите сакаат, а не можат?
Импотенцијата, односно еректилна дисфункција, е неспособност мажот да постигне ерекција. Мажите погодени од овој проблем не се во состојба да ја задоволат својата партнерка со класичен секс.
Приближно 9% од мажите на возраст меѓу 40 и 70 години страдаат од тешка еректилна дисфункција. Во повеќето такви случаи, средствата за потенција можат да бидат од помош, но треба да бидете внимателни со овие препарати и да ги земате само по претходна консултација со лекар.
4. Останати причини за намалено либидо кај мажите
Алкохолот и лековите, особено антидепресивите, можат да доведат до губење на сексуалната желба.
Понекогаш проблем е и предвремената ејакулација. За да не се соочат со овој проблем, мажите едноставно избегнуваат сексуални односи.
Добро е да се знае дека предвремената ејакулација може успешно да се спречи со користење на одредени техники.
С. Ш. | Црнобело