14 типови колеги кои ги има во речиси секоја канцеларија, низ илустрации
Шегаџија
Обично овој колега секогаш е во одлично расположение и се обидува да направи шега од секоја ситуација.
Колега кој не почитува лични граници
Овој колега дефинитивно не знае што значат личните граници – влегува во просторија без да тропне, без проблеми си разгледува по туѓите фиоки, поставува премногу лични прашања, ви зборува додека разговарате на телефон…
Паразит
Секојпат кога има најмногу работа, овој колега наоѓа време за пауза. Уште полошо е што обично си ги препишува туѓите заслуги, а на другите вработени не им е јасно како уште не е избркан од работа.
Нарцис
Овој колега настојува да работи само сам, бидејќи е убеден дека е подобар од сите други. Секојпат мисли само на своите потреби, без разлика дали тоа ќе предизвика штета на колегите или компанијата.
Критичар
Ова е колегата кој е невозможно да го задоволите. Има замерка за буквално сè – од вашиот начин на работа, па сè до кошулата што сте ја облекле денес.
„Ментор“
Овој колега сака да контролира сè што се случува, па без ничија дозвола се однесува како ментор на другите и постојано им кажува што и како треба да прават.
Мрзлив
Мрзливиот колега ги остава обврските до последен момент, а неретко го прескокнува и крајниот рок. Воопшто не му е грижа како влијание ќе има тоа врз тимот или компанијата.
Спирова С. | Црнобело