Најчестите грешки што ги прават луѓето кога работат од дома - не ги повторувајте
Заборавате на физичката активност
Знаеме дека не сите сакаат да вежбаат, но кога работите во канцеларија, самото одење до неа е колку-толку физичка активност. Ако работите од дома, се движите само од работната маса до тоалетот или кујната, а знаеме дека физичката неактивност сепак прави штета.
Затоа, после 2-3 часа работа, обидете се да направите неколку едноставни вежби за истегнување. Ова ќе ви одземе најмногу 10-тина минути, а сигурно ќе направи да се чувствувате подобро.
Обидете се и во текот на денот да одвоите барем 20-тина минути за вежбање. Најдете некое видео на YouTube и само следете ги инструкциите. Верувајте дека ќе се чувствувате многу подобро
„Заглавувате“ во рутина
После неколку недели работење дома, особено ако сте навикнати на канцеларија, најверојатно ќе ви стане досадно.
Сепак, дома немате колеги со кои можете да се шегувате и целиот ден работите во тишина. Истовремено, воопшто не го менувате вашето опкружување, па ова „заглавување“ во рутина може да ви стане проблем.
Кога ќе почувствувате дека ви е потребна промена, обидете се да го промените местото од коешто работите. Ако сте работеле во спалната, денес работете на трпезариската маса. Исто така, обидете се да не јадете пред компјутер.
Искористете го тоа што сте дома, направете некој брз и здрав оброк и одвојте малку време да јадете каде било, освен пред компјутер.
Не разговарате со луѓе
Оние на кои не им е потребна многу социјална интеракција, можеби ќе го немаат овој проблем. Но, ако сте екстроверт, можно е да се почувствувате осамено.
Ако забележите дека самотијата почнува да ви пречи, секогаш можете да им се јавите на пријателите или семејството. Уште подобро ако користите видео повици.
Не ја средувате работната маса
Вистинско искушение е да работите во вашиот кревет, но опкружувањето има огромно влијание врз продуктивноста.
Нашите мозоци го поврзуваат креветот со одмор, па сигурно нема да бидете во најдобра форма ако работите од таму.
Наместо тоа, направете си работно катче. На масата на којашто ќе работите поставете ги сите работи што ви се потребни – пенкала, стикери, тефтери… Уште подобро е ако не ја користите масата за ништо друго, освен за работа.
Всушност, ако имате услови, направете си мала домашна канцеларија и веднаш ќе ја почувствувате разликата.
Спирова С. | Црнобело