Јамајка ве повикува: Се бара шанкер во најкул и најсликаниот бар на светот (фото)
Среде океан со тиркизна вода и студено пиво во рака. На работа ќе пристигнувате со кајче. Звучи примамливо?
На Јамајка се наоѓа најкул барот на светот. „Pelican bar“ се наоѓа среде кристално чист тиркизен океан.
Флојд од Јамајка од 2001 година го води овој бар и работи во него како шанкер, но вели дека му е потребно малку одмор. Тој вели дека бара шанкер кој ќе биде на негово место некое време.
Ова е едно од најсликаните места за пиење во светот. Инстаграм е преполн со фотки оттука, а туристи од сите краишта на светот постојано се воодушевуваат на уникатноста на овој бар.
„Проблемите“ со кои ќе се соочите на ова работно место е што треба да пристигнете на работа со чамец или веслајќи со кајче дури и во деновите кога времето е премногу убаво за работа.
Ќе треба да си муабетите со локалците и да им го претставите ова место на туристите. Плус, да одберете совршена релаксирачка музика. Претешко, нели?
Сето тоа можете да го правите со студено пиво во рака и поглед кон прекрасната тиркизна вода.
Дали ова е најубавото работно место на светот?
С. С. | Црнобело