Единствениот начин да бидете жена во топ 1% најбогатите во светот е да се омажите со некој кој веќе е таму

И покрај големите чекори направени од многу организации во однос на правата на жените, се чини дека најдобар начин за понежниот пол да стане дел од најбогатите 1% на светот е да најде маж кој припаѓа во таа група. Или барем така велат најновите истражувања.

Edinstveniot nacin da bidete zena vo top 1 01

Една нова студија објавена во American Sociological Review открива дека е речиси невозможно за една жена да добие статус од топ 1% преку личен приход.

Зошто е ова се уште така?

Џил Јаворски, коавтор на студијата и доцент на Универзитетот во Северна Каролина, вели:

„Иако самовработеноста и високото образование ја зголемуваат веројатноста дека жените лично ќе заработат доволен приход за да станат дел од тој 1%, брак со маж со кој веќе припаѓа на таа група е главниот пат на жената кон истата. “

Јаворски додава дека кај жените уште од 90-тите воопшто и не се забележува напредок за да се квалификуваат меѓу најбогатите во светот.

Според годишната листа на Форбс на 400 најбогати Американци, 10 најбогати луѓе се мажи.

Еве каде стојат жените:

Наследничката на  Wallmart, Алис Волтон, е на место број 12 со нето вредност од 44,9 милијарди долари. По неа следи наследничката на слатките Mars, Жаклин Марс, со нето вредност од 44,9 милијарди долари.

Edinstveniot nacin da bidete zena vo top 1 02

Edinstveniot nacin da bidete zena vo top 1 03

Лорен Пауел Џобс, вдовицата на Стив Џобс, е на место број 20 (20,5 милијарди долари), додека извршниот директор на Fidelity Investments, Абигејл Џонсон, е број 28 (17,3 милијарди долари).

Edinstveniot nacin da bidete zena vo top 1 04

Edinstveniot nacin da bidete zena vo top 1 05

Во меѓувреме, Мекензи Безос руши рекорди. Таа е сопруга на најбогатиот човек во светот, основач и извршен директор на Амазон, Џеф Безос. Таа ќе биде најбогатата жена во светот со околу 69,5 милијарди долари, ако добие половина од својата нето вредност по нивниот многу разгласен развод.

Edinstveniot nacin da bidete zena vo top 1 06

Вистина е дека некои земји постигнаа напредок во намалувањето на родовата нееднаквост со подобар пристап до образование, здравствена заштита и финансиски услуги.

Меѓутоа, во светот мажите се уште доминираат над жените кога станува збор за економските можности. Родовиот јаз во платите е се уште неверојатно голем.

A. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg