Целиот персонал на еден локал си даде отказ со сурово искрена порака
„Работевме пренапорно предолго. Нови сопственици е*ете се“, гласи дел од пораката на персоналот кој по 7 и повеќе години работа колективно си даде отказ.
Ресторан за брза храна во Охајо мораше да биде затворен поради тоа што целиот персонал си даде отказ. Вработените во Sonic Drive-In се одлучиле на овој потег откако дознале дека нивните плати ќе бидат намалени.
Франшизата ја купила некоја голема корпорација и го променила начинот на функционирање. Вработените кои работеле по 7 и повеќе години таму одлучиле дека тоа не им одговара. Колективно си дале отказ.
Сурово искрената порака на вратата која ја закачиле гласи:
Поради ужасниот менаџмент целиот локал даде отказ. Компанијата е продадена на луѓе на кои не им е грижа за никого освен за себеси.
Извинете за непријатностите, но нашиот тим одбива да работи за компанија која ги третира вработените како да се го*но, кога тие вложија сè во овој локал.
Работевме пренапорно предолго. Сите одиме кон нови и подобри работи.
Па, нови сопственици Е*ЕТЕ СЕ!
Многу луѓе од целиот свет им дадоа поддршка за храбриот потег.
/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=http%3A%2F%2Fvt.co%2Fnews%2Fus%2Frestaurant-staff-leave-brutal-note-for-their-bosses-after-quitting-their-jobs%2F
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:



