Како изгледот на вашето биро прави да изгледате непрофесионално?

Пренатрупано и неуредно биро остава лош впечаток и кај работодавците и кај колегите.

kako-izgledot-na-vasheto-biro-pravi-da-izgledate-neprofesionalno-01.jpg

И додека едни мислат дека неуредноста значи генијалност, тоа не важи доколку на вашето биро имате искористен пластичен прибор за јадење, неизмиени чаши или некоја книга која ви го држи мониторот повисоко.

Прочитајте што сè што се наоѓа на вашето биро прави да изгледате непрофесионално:

1. Куп искористени садови за јадење

Нема ништо лошо во тоа да си носите ручек од дома, но пред сè, обидете се да јадете во одделна просторија, а не во канцеларијата. Но, ако немате такви услови, тогаш редовно мијте си ги садовите и не доволувајте да ви се трупаат валкани садови, кои може да замирисаат непријатно.

2. Неред од стикери

Мислите дека имате одличен начин на организирање и потсетници, но целиот тој хаос од стикери и пенкала остава многу поинаков впечаток. Подобро е да имате планер за во него да ги запишувате потсетниците.

kako-izgledot-na-vasheto-biro-pravi-da-izgledate-neprofesionalno-04.jpg

3. Ја оставате чантата отворена

Ова е сосема неодговорно однесување кон сопствените предмети. Во канцеларија која ја делите со повеќе луѓе, лесно може да се случи нешто да снема, а неправедно да обвините некого. Побарајте фиока со клуч или држете ги личните предмети на око цело време.

4. Што било за подигнување на мониторот

Книги, кутии или други потпирачи, освен што се нестабилни, туку лесно бодат во очи. Побарајте решение за тоа од претпоставените.

kako-izgledot-na-vasheto-biro-pravi-da-izgledate-neprofesionalno-02.jpg

5. Политички пароли

Политичката определба треба да ја држите надвор од канцеларијата. На вашето биро никогаш не смее да се најдат памфлети, беџови, постери или што било што пренесува политички пораки.

6. Играчки

Можеби ги обожавате јунаците на Марвел или Нинџа желките, но фигурите и играчките не треба да бидат на вашето биро. Оддаваат впечаток на несериозност и незрелост.

kako-izgledot-na-vasheto-biro-pravi-da-izgledate-neprofesionalno-03.jpg

7. Вашите козметички производи

Освен ако не го работите тоа, на вашето биро нема место за дезодоранси, четкички за заби, парфеми или каква било друга козметика.

8. Новогодишни украси преку цела година

Всушност, какви било украси за некоја сезона или празник во време кога не е таа сезона или тој празник, прават вашето биро да изгледа смешно и неуредно.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg