Како Опра Винфри ги започнува состаноците со соработниците?
Опра Винфри е пример за успешна жена, која знае да раководи со она што го има, но и да го заслужи и добие она што го сака.
Состаноците на работа може да бидат здодевни, а во крајна линија и непродуктивни, особено ако се сведуваат на површни разговори меѓу само неколку колеги.
Статистиката вели дека за време на состанок, барем половина од присутните размислуваат за сосема други теми. Она што треба да го направи секој кој го води состанокот е уште на почеток да ги натера присутните да обрнат внимание на она што треба да се направи и да се каже.
Доколку го следите примерот на Опра, тогаш треба да ги започнете состаноците со трите најважни прашања:
1. Која е намената на овој состанок?
2. Што е најважно што треба да се каже?
3. Која е намената на заклучоците?
Еден успешен состанок бара ангажираност од сите присутни, па затоа менаџерот треба да биде тој кој само води, а другите да дозволат состанокот да тече. Она што е најважно да се нагласи на состанокот е што вработените добиваат, а не само да им се натрупаат новите информации наеднаш.
Обрнете внимание и на следниве прашања кои ќе ги добиете од нив:
1. Кои вештини треба да се покажат?
2. Дали треба да се дејствува локално или општествено?
3. Што точно ви треба од нив?
Ако ги имате и вие одговорите на овие прашања, како лидер или менаџер, тогаш можете да заклучите дека состанокот бил успешен и дека ќе можете да ги имплементирате сите промени без да се плашите од големи грешки.
Е. Д. | Црнобело