„Моите роднини се инженери, доктори, професори, само јас не сум доволно добар“
Дали понекогаш чувствувате дека можете многу повеќе од тоа што го правите? Дека сите околу вас се професионално реализирани само вие тапкате на работно место кое не ви дозволува да напредувате и се јадете во себе дека не сте доволно добри?
Со тивок тон кажувате што работите, додека вашите роднини гласно и гордо велат дека се инженери, доктори, професори...
Еден маж ја сподели внатрешната битка што ја води со години:
„Постојано се фаќам како сум престрог кон себеси. Работам во индустрија која бара совршенство и тешко ми е. Често мислам дека не сум доволно добар. Постојано се споредувам со моите многу успешни роднини и чувствувам притисок дека морам да се натпреварувам со нив.
Кога бев млад отсекогаш посакував да го постигнам нивото на кое тие се.
Сите во моето семејство имаат уникатни професии – професор по право, декан, инженер, доктор. Растејќи тоа висеше над мене постојано како темен облак. Ме следеше насекаде, потсетувајќи ме дека наскоро доаѓа бура.
Читав секакви книги кои ме учеа да не стремам кон совршенство, сепак сум бил во такви ситуации и сум бил комплетно растргнат со зборови. Постојано го имам стравот дека повторно ќе потфрлам. Се обидувам да мислам дека сите сме само луѓе и грешките се нормален дел од животот.
Најважно е да запомниме дека работите често не одат како што планираме. Внатрешните дијалози ме растргнуваат. Сите ми велат дека треба да бидам подобар кон себе, но мојата битка продолжува. Како торнадо ми доаѓаат негативни мисли, се обидувам да забавам и да го сменам фокусот.
Минам низ многу и секој ден ми е борба. Под стрес сум и се чувствувам минорен. Ми помага кога ќе ги запишам мислите на хартија и ќе се концентрирам на тоа во кои аспекти од животот треба да се подобрам.
Растргнувањето на себеси боли многу. Некогаш од сиот тој притисок сум толку метална исцрпен што потребно ми е повторно да се составам и да се репрограмирам.
Сфатив најважно е да ја сменам комуникацијата со самиот себе за да направам промена во мојот живот. Повеќе не може вака.“
С. С. | Црнобело