Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дали би работеле како „дигитален номад“?

Замислете се себеси со освежителен коктел, уживајќи на прекрасно сонце и песочна плажа додека сте на работа. Иднината за која сите тајно сонуваме е веќе тука. Сѐ поголемата флексибилност на работното место нуди прекрасна опција да патувате без да ја жртвувате вашата кариера.

se_pogolem_broj_na_lugje_rabotat_dodeka_patuvaat_niz_svetot_01.jpg

Бројот на луѓе кои успеваат да ги задржат своите работни позиции додека патуваат низ светот е во подем. Со моќта на интернетот и сѐ поголемите можности за комуникација, сега е навистина лесно да добиете работна сатисфакција додека уживате на нова и егзотична дестинација.

Со оваа опција се појавува терминот "дигитален номад", односно оние личности кои не мразат да стануваат наутро, знаејќи дека ги чека истата работна атмосфера, истите колеги и истите обврски.

Овој начин на работа, спротивно од сѐ уште популарното размислување, може да резултира во зголемена продуктивност.

Фразата "среќен работник е добар работник" е дефинитивно точна во овој случај.

se_pogolem_broj_na_lugje_rabotat_dodeka_patuvaat_niz_svetot_02.jpg

Со оваа нова опција не се менува само начинот на работа, туку и начинот на патување. Луѓето повеќе не ги планираат патувањата за неколку недели. Сѐ поголем број на луѓе започнуваат да патуваат на пократок период и подолги дестинации.

Можноста да заработувате додека патувате овозможува да посетите дестинации за кои само сте сонувале или дестинации кои бараат огромна организација и планирање на годишниот одмор, за на крај да ви предизвикаат стрес и поголеми проблеми.

Статистиките покажуваат дека и додека патуваме, повеќето од нас сѐ уште имаме потреба да бидеме продуктивни. Па, овој начин на патување е совршен не само од финансиска точка.

se_pogolem_broj_na_lugje_rabotat_dodeka_patuvaat_niz_svetot_03.jpg

Исто така, голем број на компании особено оние кои се сѐ уште во развој започнуваат да ја искористуваат моќта на дигитализацијата и да соработуваат со хонорарци ширум светот. Со одржување на контактите преку мејл, или некоја од социјалните мрежи и двете страни имаат придобивки.

Хонорарците добиваат плата додека работат од удобноста на нивниот дом, додека компаниите добиваат работник за кој не треба да обезбедат канцеларија, биро или компјутер.

Покрај сите овие придобивки, очгледно е зошто овој начин на работа е во подем.

Што мислите вие? Дали би сакале да патувате низ светот и да заработувате во исто време?

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Знаци дека е време да си дадете отказ (и да најдете нова работа) Едвај станувате наутро и воопшто не можете да се замислите на истата позиција во...
10 најдобри совети на поле кариера (кои секој работник треба да ги примени) Појавувајте се рано – на работното место, на состанок, буквално секаде, така ќе ...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Најдобрите менаџери водат со пример (работат рамо до рамо со вработените) Голем дел од незадоволството на работното место треба да им се припише на менаџе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg