Што е најважно да направите пред секое интервју за работа?

Кога станува збор за интервјуата за работа, неколку работи кои треба да ги направите пред самиот почеток се навистина важни.

Najvaznoto-sto-treba-da-go-napravite-pred-sekoe-intervju-za-rabota-01.jpg

Тука секако се подразбира вашето одлично подготвено CV, облеката која треба да биде соодветна со природата на ситуацијата, како и вашето одлично расположение и презентација.

Сепак, постојат 3 работи кои се уште поважни, а најчесто не сме свесни за нив или ги забораваме, па интервјуто пропаѓа во вода.

Со цел да не завршите неславно на вашето следно интервју за работа, еве што треба да направите пред самото одржување:

Добро истражете и проучете ја компанијата каде што сакате да работите

Едно од вообичаените прашања за време на интервју за работа е – знаете ли со што се занимава нашата компанија?

Свесни ли сте колку негативен впечаток оставате доколку вашиот одговор гласи НЕ?

Во време како денешното кога пристапот до информации е толку едноставен, потребно е да добро да го истражите профилот на компанијата.

Со што точно се занимава, колку долго опстојува на пазарот, каква е хиерархиската поставеност, кои се целите на компанијата… секогаш впечатокот е двојно подобар доколку покажете знаење и интерес за компанијата во којашто аплицирате за работа.

Гледате видеа на YouTubе

Секако, не од мали слатки животни или несолени шеги. Дел од видеата треба добро да ве подготват за интервјуто, во смисла на вашата поставеност, бидејќи говорот на телото зборува навистина многу.

Постои цела наука за тоа како повеќе да им се допаднете на идните работодавачи, од бојата на облеката која ја носите, до лакот на вашите нокти и фризурата. Да не зборуваме за начинот на кој се изразувате и вашите фацијални експресии.

Од друга страна, обидете се да пронајдете и видеа поврзани со компанијата каде што аплицирате – повторно со цел добро да ја проучите нејзината структура и визија.

Така, за време на интервјуто можете темелено да разговарате за целите и плановите на компанијата и како вие би можеле најдобро да се вклучите во истите.

Секогаш побарајте мислење пред да аплицирате за работата

Нашата држава е мала и работите се дознаваат прилично лесно. Па така, не доаѓајте во искушение да аплицирате баш секаде, затоа што не секоја работа е скроена за вас.

Воедно, не губете си го времето секаде. Пред да аплицирате добро распрашајте се каква е компанијата, како се однесуваат со своите вработени.

Прогуглајте, прочитајте туѓи искуства и консултирајте се со луѓе кои веќе имаат искуство во таа компанија таа или бранша на работа.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg