Дали треба да го прифатите пијалакот кој ви се нуди кога сте на интервју за работа?
Колку пати сте се нашле во недоумица дали да ја прифатите чашата вода или кафето кое ви се нуди додека сте отидени за сериозен разговор за нова работа?
Без оглед дали е кафе, вода или сок, секогаш треба да го прифатите пијалакот. Се разбира, додека не е алкохол.
Прифаќањето на пијалакот на важен состанок испраќа порака дека:
- го цените гостопримството
- се чувствувате удобно во присуство на луѓето кои ве опкружуваат
- имате доволно самодоверба
Најважно, овој ситен детаљ открива дека сте социјално динамична личност.
Овој неформален гест е одличен начин да го скршите мразот и да се покажете во малку порелаксирано светло.
Прифаќањето на пијалакот значи дека сте ментално подготвени за состанокот, ги забележувате и цените малите детали во вашата околина, отворени сте за колегијалност, сакате да ја почувствувате енергијата која владее во канцеларијата и сакате да се приближите со културата и навиките на компанијата.
Па, на кратко, не велете „не“ кога работодавецот ќе ве праша дали сакате чаша вода, сок или кафе. Со задоволство прифатете.
М. Д. | Црнобело