Банкар ја напуштил работата за да стане фризер: Денес има 9 салони и заработува 903.000 долари годишно

Велат среќата ги следи храбрите, а токму таков е случајот со Дејвид О’Нил, кој ја напуштил сигурната работа во банка и одлучил да ризикува.

bankar-ja-napushtil-rabotata-za-da-stane-frizer-denes-ima-9-saloni-i-zarabotuva-903000-godishno-01.jpg

Дејвид О’Нил, 32, имал успешна кариера во банкарскиот сектор, но кога го одбиле за унапредувањето, кое сметал дека го заслужува, одлучил да направи драстична промена во животот.

Дал отказ и се запишал на курс за фризери. Денес има девет фризерски салони и заработува повеќе од 903.000 долари годишно.

За споредба, додека бил банкарски работник заработувал 44.000 долари годишно.

bankar-ja-napushtil-rabotata-za-da-stane-frizer-denes-ima-9-saloni-i-zarabotuva-903000-godishno-03.jpg

Дејвид за својата интересна приказна открива:

„Имав сигурна работа во банка, но јас сум амбициозен и отсекогаш сонував да отворам свој приватен бизнис. Кога побарав унапредување и не го добив, знаев дека е вистинското време за да продолжам понатаму. Одбивањето всушност беше најдоброто нешто што ми се случило.“

Идејата за отворање на фризерски салон Дејвид ја добил откако се обидувал да го потстриже својот син.

„Моите момчиња секогаш се жалеа кога требаше да ги носам на фризер, па одлучив да го сторам тоа сам. На ум ми дојде идеја да им пуштам некој филм или игра на PlayStation додека работам и ним навистина им се допадна тоа.“

Така го отворил салонот „Shortcuts children's hairdressers“, каде дечињата до пет години седат во столици како мини автомобили за време на потстрижувањето, а пак поголемите деца играат PlayStation или гледаат цртани филмови.

Целото искуство на децата тој им го претвора во забава. Салоните се обоени во ведри бои и прилагодени за најмалите.

Првиот салон Дејвид го отворил во 2014 година во Milton Keynes, а денес има девет салони со вкупно 30 вработени.

bankar-ja-napushtil-rabotata-za-da-stane-frizer-denes-ima-9-saloni-i-zarabotuva-903000-godishno-02.jpg

Сега планира да отвори уште една компанија со синџир на кафулиња во кои ќе има забавен дел за најмалите.

Тој на сите им порачува дека напуштањето на работата е навистина страшно и ризично искуство, особено кога имате мали деца. Но, мора да соберете храброст за да го сторите тоа ако сакате да си ги остварите соништата.

Дејвид, исто така, додава дека неговата сопруга Кајли била цврста како камен и му била најголема поддршка во текот на целиот процес.

Атмосферата во неговите салони:

bankar-ja-napushtil-rabotata-za-da-stane-frizer-denes-ima-9-saloni-i-zarabotuva-903000-godishno-08.jpg

bankar-ja-napushtil-rabotata-za-da-stane-frizer-denes-ima-9-saloni-i-zarabotuva-903000-godishno-07.jpg

bankar-ja-napushtil-rabotata-za-da-stane-frizer-denes-ima-9-saloni-i-zarabotuva-903000-godishno-06.jpg

bankar-ja-napushtil-rabotata-za-da-stane-frizer-denes-ima-9-saloni-i-zarabotuva-903000-godishno-05.jpg

bankar-ja-napushtil-rabotata-za-da-stane-frizer-denes-ima-9-saloni-i-zarabotuva-903000-godishno-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg