Ги сакате милионите на најуспешните луѓе на светот - 10 навики кои ќе ви помогнат во тоа
Тие не трошат време и енергија залудно, туку имаат однапред зацртан план до кој се држат без откажување.
„Успеав да постигнам толку голем финансиски успех затоа што мојата цел, никогаш, апсолутно во ниту еден миг, не беа парите“, изјави Опра Винфри во една пригода и токму тоа е тајната на милионерите во светот.
Тие не тргнуваат во поход за да направат пари, туку за да направат промена во светот. Погледнете го само Марк Закерберг.
Навики кои треба да ги присвоите од милионерите ако сакате да постигнете успех:
Пронајдете цел и добро формулирајте ја
Поставете си конкретна цел затоа што мислите и соништата за истата ќе ве расположат и ќе ви помогнат да ги носите вистинските одлуки.
Стив Џобс не сакаше да направи каков било телефон, туку телефон со компјутерски функции, а лесен за користење.
И вашата цел треба да биде конкретна. Погрешно е општото поставување како „Сакам да правам торти за пари“, правилно е „Сакам да отворам слаткарница каде моите торти ќе се продаваат“.
Направете план и следете го
Илон Маск сака да го колонизира Марс. Правејќи план тој заклучил дека главната пречка е скапиот лет дотаму. Сега тој е концентриран на развивање на поекономичен транспорт во вселената.
Навиката на планирање на целите ќе ви помогне да ги идентификувате слабостите и големите задачи на кои треба да се фокусирате.
Не задржувајте ги емоциите
Добро знаете што е емоционална интелигенција, способност не да ги потиснете, туку да ги менаџирате вашите емоции. Мора да научите соодветно да ги покажувате за да постигнете успех.
Од друга страна, потиснатите емоции влијаат негативно на здравјето, а со тоа логички и на успехот.
Сакајте го тоа што го правите
Ако не сте опседнати со тоа што го правите, патот до успехот ќе биде долг, а најверојатно и бескраен.
Не смеете да работите работа која не ја сакате и за која не чувствувате страст. Имате моќ да го промените тоа и да верувате дека еден ден ќе бидете на местото на кое сакате да бидете.
Трошете пари совесно
Ако чувствувате дека мора да купите повторно нови чевли и дека тоа ќе ви донесе мир, сторете го тоа, но прво размислете – колку тие чевли ќе ве донесат поблиску до вашата цел?
Опседнатоста со целта ќе ви помогне да се откажете од новите чевли или од некој друг импулс за купување, без најмалку жалење за тоа.
Грижете се за своето време
Како што треба совесно да ги трошите парите, така треба и совесно да го трошите времето. Не значи дека треба да бидете ангажирани секој миг, туку токму спротивното, секогаш е мудро да пронајдете време што ќе го искористите за релаксација.
Не трошете време на глупави и безначајни работи и конфликти во животот. Научете се да кажувате „не“ и инвестирајте во себе, спортувајте, шетајте, гответе здрава храна.