10 професии кои изгледаат премногу ужасно за да бидат вистинити

Вадење сол во Етиопија на пеколни температури или чистење канализација во густо населената Индија, ова се најтешките професии на светот.

10-profesii-koi-se-premnogu-uzasni-za-da-izgledaat-vistiniti-18.jpg

Најверојатно и вие мислите дека ја имате најлошата работа на светот и шефот не ве цени и не ве плаќа лошо.

Но кога ќе ги видите овие професии, сигурни сме дека ќе се премислите:

Изработувачи на канализациски решетки во Њујорк

За улиците во Њујорк се произведуваат речиси 2.750 канализациски решетки секоја година.

Работниците што го прават ова немаат никакво ниво на заштита, а металот се обработува на температура  од  1.200 до 1.400 C°. Искри од жешкиот метал летаат накај нивното незаштитено тело и тоа ја прави оваа професија една од најопасните на светот.

10-profesii-koi-se-premnogu-uzasni-za-da-izgledaat-vistiniti-01.jpg

10-profesii-koi-se-premnogu-uzasni-za-da-izgledaat-vistiniti-02.jpg

Работници во мртовечница

Ембалирањето е метод за спречување на гниење на трупови или поединечни органи што се прави на луѓе по нивната смрт. Овој работник во мртовечницата го чисти телото, ги остранува течностите и ги вади внатрешните органи.

Се користат хемикалии за да се спречи или забави распаѓањето на ткивата. Оваа професија не е само непријатна, бидејќи секој ден гледате мртви тела, туку е и опасна по живот.

10-profesii-koi-se-premnogu-uzasni-za-da-izgledaat-vistiniti-03.jpg

Рудари што вадат сулфур од вулканот Kawa Ijen во Индонезија

Вулканот Kawa Ijen се наоѓа на островот Јава на 2.600 метри надморска височина.

Во кратерот на вулканот има езеро, кое се состои од сулфурни и хлороводородни киселини. Работниците - локалните жители, без заштитни костими и гас маски, вадат парчиња сулфур дење и ноќе, користејќи ги само нивните незаштитени раце и шамиче врзано на лицето за да се заштитат од вдишувањето на штетниот сулфур . За оваа опасна работа добиваат само по 260 денари од час.

10-profesii-koi-se-premnogu-uzasni-za-da-izgledaat-vistiniti-04.jpg

10-profesii-koi-se-premnogu-uzasni-za-da-izgledaat-vistiniti-05.jpg

Чистачи на канализација во Индија

Индиски канализации изгледаат страшно, а работниот ден на работници што ги чистат трае 12 часа. Цело време тие се во отворот полн со отпад.

Работниците користат метални стругалки, мотики или голи раце за да извадат тиња од дното на канализацијата. Чистачите немаат заштитна облека и често работат само во шорцеви. За оваа пеколна работа добиваат само 260 денари од час.

10-profesii-koi-se-premnogu-uzasni-za-da-izgledaat-vistiniti-06.jpg

10-profesii-koi-se-premnogu-uzasni-za-da-izgledaat-vistiniti-07.jpg

Детски труд во фабрика за тули во Авганистан

Фабриките за тули во Кабул се еден од ретките извори на постојан приход таму. Во производството на тули, кои се прават рачно и со стара технологија, Авганистанците можат да работат речиси цела година.

За жал, ваквите фабрики често ги користат децата кои работна рака. Работат од 8 до 17 часот и за еден месец работникот добива плата од 10.000 до 15.000.

10-profesii-koi-se-premnogu-uzasni-za-da-izgledaat-vistiniti-08.jpg

10-profesii-koi-se-premnogu-uzasni-za-da-izgledaat-vistiniti-09.jpg

Експерти за мирис

Тие работат за компании кои произведуваат дезодоранси и антиперспиранти.

Задачата на експертот за мирис е да го примени експерименталниот производ на пазувите на тест групата, а потоа да ги мириса, забележувајќи како мирисот се менува во текот на денот.

10-profesii-koi-se-premnogu-uzasni-za-da-izgledaat-vistiniti-10.jpg

10-profesii-koi-se-premnogu-uzasni-za-da-izgledaat-vistiniti-11.jpg

Копачи на дијаманти во Сиера Леоне

Рударството на дијаманти во Сиера Леоне е валкан бизнис. Според проценките, вкупната вредност на дијаманти пронајдени во земјата се огромни, но многу мал дел од овие пари остануваат кај работниците што копаат за да ги пронајдат.

Областа Коно, каде што има најголем број копачи на дијаманти е една од најсиромашните области на земјата.

10-profesii-koi-se-premnogu-uzasni-za-da-izgledaat-vistiniti-12.jpg

10-profesii-koi-se-premnogu-uzasni-za-da-izgledaat-vistiniti-13.jpg

Луѓе што вадат сол во Етиопија

Во областа Данакил во Етиопија живеат луѓе, кои се познати по нивната способност да издржат крајно топло и суво време. Едно од нивните традиционални занимања е екстракцијата на сол.

Температурата во пустината понекогаш достигнува 50 °C и ова место се смета за едно од најжешките на земјата.

10-profesii-koi-se-premnogu-uzasni-za-da-izgledaat-vistiniti-14.jpg

10-profesii-koi-se-premnogu-uzasni-za-da-izgledaat-vistiniti-15.jpg

Чистачи на местото на злосторството

Неопходно е да ја исчистат крвта од ѕидовите, подовите, креветите, а понекогаш да ги исчистат и труповите.

Најтешкиот дел од работата е мирисот, дури и маската не помага, бидејќи телата на мртвите понекогаш не се наоѓаат веднаш. Во некои случаи, телото лежи неколку месеци и привлекува инсекти и глодари. Обично е потребно неколку дена да се исчисти просторијата, а некогаш и подолго.

10-profesii-koi-se-premnogu-uzasni-za-da-izgledaat-vistiniti-16.jpg

Истражувачи на комарци

Научниците кои се борат со маларија треба да ги научат навиките на комарците што ја шират оваа смртоносна болест. За да ги проучат овие инсекти, бразилските научници се нудат како мамка.

Што сè мора да се стори во име на науката?!

10-profesii-koi-se-premnogu-uzasni-za-da-izgledaat-vistiniti-17.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg