Квалитети на луѓето кои нема да достигнат успех во кариерата
Со цел да постигнат успех и да изградат добра кариера, на луѓето не им се потребни само професионални, туку и социјални вештини.
Истражувања од Харвард откриле дека од 1980-та, бројот на работни задачи кои бараат социјални вештини пораснал за 24%.
Задачите пак, кои бараат интелигенција и техничко знаење не се толку застапени како порано.
Па, во таа насока, погледнете кои се антисоцијалните вештини и начини на однесување кои ги спречуваат луѓето да постигнат успех во кариерата:
Жртва
На прв поглед, професионалните жртви, воопшто не изгледаат така. Колегите ги симпатизираат и ги поддржуваат. Но, со тек на време работите стануваат појасни.
Жртвите избегнуваат одговорност и постојано се жалат. За нив сите работи се тешки и го зборуваат тоа, сѐ додека некој не најде решение на проблемот.
Постојано извинување
Луѓето кои никогаш не се извинуваат на другите секако не предизвикуваат позитивни емоции, но понекогаш е уште поиритантно доколку некој постојано се извинува без причина.
Непотребните извинувања ја намалуваат шансата дека истите ќе бидат слушнати од колегите. Овие луѓе се затворени во себе, пасивни и се плашат од критики, па токму затоа не може да блеснат во кариернатa патека.
Кукавица
Стравот е многу моќна сила која не можете да ја контролирате. Но колегите кои се кукавици се многу поиритантни.
Таквите соработници можат да ги обвинат другите за своите грешки, а дури може и да молчат за нешто што направиле, мислејќи дека никој нема да забележи, наместо веднаш да ја поправат.
Тоа влијае на резултатот на нивната работа, како и на целиот тим кој ќе се уназадува заради нив.
Темпераментност
Темпераментните работници обично ги исфрлаат своите емоции на колегите, без разлика дали се работи за радост, нервоза или нетрпение.
Со такви колеги, тешко е да се воспостави нормален контакт и да се работи продуктивно и најчесто не се добредојдени во тимовите и успешните околини.
Тркачи
Тие се во постојана трка со време и уште од самиот почеток на работата почнуваат да се форсираат и „трчаат маратони“. Затоа, често „прегреваат“ уште пред да ги завршат обврските од проектот и како резултат на нивниот недостаток не успеваат успешно да завршат со работата.
Конзервативни
Таквите работници не ја гледаат јасно реалноста. Времето за нив стои во место и новите начини на работа ретко ги прифаќаат. Тие жицеат во минатото и нивните вештини не се развиваат, бидејќи се убедени дека тие го достигнале врвот.
Како резултат на тоа, не можат да постигнат значително високо ниво во кариерата со оглед на младите борци кои брзо ги оставаат во сенка.
Арогантни
Премногу арогантните луѓе само им го трошат времето на останатите. Проблемот е во тоа што тие се премногу самоуверени и сакаат да направат се по нивно и да ја поправат секоја работа на нивниот начин. А, всушност не се толку добри и уверени како што се прикажуваат.
Како резултат на тоа прават големи грешки кои ги спречуваат да се искачат на скалата кон успехот во кариерата.
Негативни
Овие работници се постојано негативни и тоа го шират на сите околу нив без дури и да изустат еден збор. Со нив е речиси невозможно да се работи и заради песимизмот повеќето ги избегнуваат.
Така тие не може да соработуваат со никој, а сами тешко дека ќе постигнат голем успех.
М. М. | Црнобело