Кариера од соништата: 7 прашања што ќе ви ја откријат идеалната професија
Во земја во која е навистина тешко да се пронајде работа, не е лесно да се размислува за идеалното работно место, што не значи дека не би требало да го правите тоа.
Прифаќањето на застарените правила, кои налагаат дека не смее да се трага по среќа, туку само по сигурност, ги спречува многумина да се вработат на работното место од соништата.
Од друга страна, и работодавците ги лишува од можноста да имаат работник кој со цело срце ќе си ја извршува работата, за разлика од оној што истата ја работи исклучиво поради парите.
Ако сè уште не знаете која е работата што би можела да ве усреќи, послушајте ги советите од психолозите и направете си план кој кога-тогаш ќе ве одведе до целта.
7-те прашања што ќе ви помогнат да ја откриете својата идеална професија се:
1. За што ви доаѓаат луѓето?
Ги правите најдобрите колачи во населбата или вашите совети им се од полза на другите? Познати сте по како експерт за маникир или секогаш знаете каде и што да купите по најдобра цена? Она за што другите ви се обраќаат за помош е вашиот скриен талент, кој не смее да го занемарувате ни кога е кариерата во прашање.
2. Што обожувате да правите и го извршувате без нималку мака?
Ако одговорот е „спиење“, прејдете на следото прашање, но ако станува збор за подготвување презентации, правење мафини, организирање на плакарот, чистење, пишување песни, танцување или слични активности - повторно се работи за талент кој го поседувате.
3. Што сакавте да правите како дете?
Во детското доба, вообичаено ги правиме нештата кои нè радуваат, но кога ќе влеземе во светот на возрасните, ги отфламе соништата и бројните хобија, затоа што ни говорат дека од нив не може да се живее. Разбудете го детето во себе и можеби ќе откриете со што навистина би требало да се занимавате.
4. Што би работеле кога парите не би биле проблем?
Кога би можеле да изберете било која професија на светот – што би работеле?
5. Што е за вас најдобрата работа која може да ја замислите и зошто?
Запишете ја на лист хартија работата или работите кои ви звучат како остварување на сонот, а потоа додадете ги причините поради кои ве воодушевуваат. Можеби нема веднаш да сте во можност да тргнете кон исполнување на својот сон, но може да пронајдете работа која има барем дел од карактеристиките на вашето идеално работно место.
6. Како би го опишале својот личен придонес кон светот?
Што носите со себе и кои се вашите доблести?
7. Што ви недостасува во животот?
Ако имате чувство дека живеете „лажен живот“ и си го трошите времето, пробајте да откриете што ви недостасува за конечно да ја пронајдете среќата.
М. А. | Црнобело