Најважниот совет за штедење кој ќе ви го даде еден милионер
Штедењето на пари е веројатно најтешката и најнезабавната работа која треба да ја практикуваме како возрасни личности.
На сите ни е јасно дека советите во врска со заштедата се секогаш практични, меѓутоа сите сме свесни дека тие во одреден степен се косат со нашите моментални желби и потреби.
Според милионерот Дејвид Бах, без разлика на месечните трошоци кои ги имате, не треба никогаш да си наоѓате оправдување за да не заштедите дел од своите месечни примања.
„Луѓето најчесто велат: „Ако заработувам повеќе пари, веројатно ќе штедам“ или „Да имав повеќе пари во моментов, веројатно нешто ќе заштедев“, но навистина е тешко да преземете било што во врска со тоа доколку ова си го кажувате самите себеси одново и одново“ – објаснува тој.
Според Бах, луѓето никогаш не смеат да се доведат во ситуација на нештедење. „Не можете без никаков тренинг и трчање да истрчате маратон. Вие самите го градите својот пат до успехот. Слично е и со штедењето“ – наведува Бах.
„Не е поентата во тоа да се откажете од вашето кафе или нешто слично. Најважно од сѐ е да си направите самоанализа на тоа каде ви „одат“ парите и да сфатите дека дефинитивно сте имале можност нешто и да одвоите настрана“ – додава тој.
Дали овој совет навистина ќе придонесе кон тоа да ја зголемите вашата заштеда, одлучете сами.
С. У | Црнобело