Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најдобар пријател на работа

najdobar-prijatel-na-rabota-povekjeНајголем дел од денот го поминувате на работа? Зошто да не склопите нови пријателства таму? Не само што ќе се забавувате подобро, туку и времето ќе ви...

 

...поминува побрзо и подобро ќе ги завршувате обврските. Кои се личностите со кои треба да се дружите?

1. ИТ менаџерот

Ако не сте вешти со компјутери ова е вистинската личност која ќе ви биде потребна во секое време кога ќе заглавите. Бидете сигурни дека тој ви е пријател барем во работното време. Тој ја има моќта да види се што правите додека сте на работа, па ако висите на Facebook или симнувате филмови дефинитивно ви треба наклонетоста на оваа личност.

najdobar-prijatel-na-rabota

2. Ветеран во компанијата

Личност која работи таму подолго и ќе може да ви се најде и да ви помогне да се вклопите во работата. Ги знае сите процеси и врзана е со вистинските луѓе.

3. Секретарката

Верувале или не – секретарката секогаш знае се! Таа ги прави плановите и ги резервира бизнис патувањата. Таа лаже кога менаџерот не сака да одговори на телефон. Таа ги знае сите тајни кои се плеткаат низ фирмата. Со неа сите разговараат кога им треба нешто. Затоа – секогап одржувајте пријателски однос со оваа личност.

4. Најдобар пријател на работа

Ви треба некој да ве покрива кога ќе заминете малку порано? Најдете колега кој е полн со идеи. Некој со кој ќе можете да оговарате и да ги делите мислењата и тајните. Ваков вид на блискост е добар за продуктивноста, а секако ќе си бидете од помош еден на друг.

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
5 типа на луѓе што најчесто може да бидат жртви на булинг на работното место (и зошто?) Луѓето што се жртви на булинг на работното место најчесто се врвни професионалци...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
5-те најголеми маки на докторите во Македонија и светот На докторите на моменти им е потребна магија за да функционираат правилно во сис...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg