10 Причини поради кои сѐ уште не ве контактирале после интервју
Потрагата по вистинскиот вработен не е секогаш лесна како што изгледа од страна на оние кои бараат вработување. Тоа што сѐ уште не сте добиле повратен одговор не мора веднаш да значи дека сте одбиени.
Можеби повикот има врска со некоја од овие 10 причини:
1. Одлуката зависи од повеќе луѓе
Колку повеќе луѓе се вклучени во носење на одлука за вашето вработување, толку е подолг процесот на чекање.
2. Останатите интервјуа одземаат повеќе време
Можеби вие сте првиот кандидат, а после вас следуваат уште многу кандидати. Интервјуата може да траат и со месеци.
3. Втор круг на селекција
Некои работодавци прават селекција од првото интервју и ги повикуваат кандидатите во вториот, потесен круг.
4. Референции и претходни работни искуства
Зависи за која положба станува збор, работодавецот ги проверува вашите претходни работни искуства, препораки и прави споредби меѓу кандидатите.
5. Итно отсуство на некој од работодавците
Земете предвид дека некој работодавец можеби земал итно отсуство од работа и донесувањето на одлука се одложува.
6. Преформулирање на работна позиција
Можеби имаат совршен кандидат, но немаат совршена позиција за која дополнително прават преструктура.
7. Одобрување од повисоки позиции
Доколку на пример станува збор за филијала на одредена компанија тие секако чекаат одобрување од повисоките позиции за новото вработување.
8. Економијата се менува преку ноќ
Очекувајте дека можеби ќе се побара од нив да скратат од буџетот и тогаш вработувањето отпаѓа.
9. Практична работа
Го одолговлекува вработувањето и најдобрите кандидати се повикуваат на практична работа со цел да се видат резултатите.
10. Одлука од кандидатот
Можеби вие сте втора опција доколку првиот одбие, но одлуката од кандидатот одзема многу време.