Работи што треба да ги правите додека студирате
Сигурно досега неколку пати сте ја чуле реченицата “ Факултетот е најпрекрасниот период од животот”. Секако, треба да се потрудите да допринесете што е можно повеќе, за тој период да го направите што повеќе забавен.
Затоа, искористете ги сите можности кои ви се нудат.
Зачленете се во клуб или организација која е во склоп на вашиот факултет
Ако мислите дека ова ќе ви одземе премногу време, се лажете. Обично ваквите секции, односно организации имаат состаноци еднаш, до два пати неделно. Обично истите траат еден, до два часа.
На ваквите настани со сигурност ќе го проширите кругот на вашите познаници, ќе се стекнете со знаење, вештини и искуство кои секако ќе ви се најдат понатаму во животот.
Волонтирајте
Волонтирањето е одлично нешто, кое можете да го правите додека студирате. Доколку немате време во текот на годината, секогаш можете тоа да го направите за време на летниот одмор.
Одберете институција, блиска со она што го изучувате на факултетот, на тој начин не само што ќе се стекнете со дополнително знаење туку ќе добиете препорака со која ќе си го надополните вашето CV.
Освен тоа, на факултет се стекнувате со теориско учење, а со волонтирањето ќе можете практично да го примените вашето знаење.
Факултетски настан? Зошто да не ?
Присуствувајте секогаш на настаните на факултетот. Обично, секогаш присуствуваат професори од други факултети и се организираат предавања на кои ќе научите многу трикови и нови работи од вашата област.
Освен на факултетот, ваквите настани се случуваат и надвор од факултетот, во клубови, кафулиња дури и во другите градови. Проверете што е следно на распоред и видете кое најмногу вам ви одговара.
Вежбајте
Можете да се запишете на часови по јога, на фитнес, танц или нешто слично на кое одамна сте сакале. Секогаш е добро на распоред да имате ден за вежбање, на тој начин ќе се опуштите и ќе се разбистрите.
Практикувајте и долги прошетки како пауза измеѓу учењето. Ќе забележите дека со редовно спортување, учењето ќе ви оди многу полесно. Тоа е така бидејќи нивото на енергија ќе ви биде зголемено.
Читајте книги
Книгите ќе ви помогнат да се изолирате, опуштите и одморите. Освен тоа, книгите се добри за да го подобрите вашиот вокабулар и говор. Тоа секако ќе ви биде од помош, секојпат кога треба да напишете семинарски труд, да презентирате некоја тема или пак кога одите на интервју за работа.
Искористете го времето на факултет, за да го надградите своето знаење, да стекнете искуство и да запознаете многу нови луѓе.
Сè што правите е важно за вашето CV, бидејќи на тој начин ќе успеете да ја добиете работата од соништата.