Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најважна одлука во кариерата е онаа со кого ќе се венчате

Меѓусебната заинтересираност за кариерата на партнерите, поддршката во плановите, остварувањето на целта и подготвеноста на флексибилност со промените се клучни за добрата кариера.

najvazna-odluka-vo-karierata-e-onaa-so-kogo-ke-se-vencate-01

Како што во бракот може да пресуди несогласувањето околу финансиите, исто така и поддршката од партнерот односно нејзиното изостанување, може да пресуди во кариерата.

За двајцата да имаат добра кариера, потребна е взаемна поддршка и разбирање, желбата за остварување и исполнување на животните цели , а истото е потребно и за здравиот љубовен однос.

За да се развие и воспостави однос полн со поддршка за кариерата на партнерот, за почеток добро е да разговарате за големи работи. Разговарајте и расправајте за она што вам ви е најважно.

Што сакате да постигнете на работното место и кон што се стремите? Од што не би се одрекле во ниедна ситуација, иако тоа значи жртвување на други важни работи.

Одредете што ви е важно на двајцата – дали е тоа напредок во работата, детето, движењето на приватните работи, здравиот живот или преселбата. Така ќе ги одредите приоритетите на кои ќе треба да поработите. Ваквиот разговор добро е да се заврши од време на време за да се согласите.

Секогаш во тек

Она што вас ќе ви биде одлична поддршка е заинтересираноста еден за друг. Секојдневно разговарајте за случувањата на работното место, бидете упатени. Она што од почеток ве привлекло кај партнерот е причината поради која на крајот сте се заљубиле. Барајте совети од партнерот за можните проблеми, а и вие понудете му совет во дилемите и тешкотиите на работното место.

najvazna-odluka-vo-karierata-e-onaa-so-kogo-ke-se-vencate-2

Супер тим

Ако успеете да бидете во тек со сè што му се случува на вашиот партнер тогаш одлично ќе функционирате и како тим во приватниот живот. Договарајте се за работите околу децата и останатите домашни обврски. Важно е кариерата ниту на едниот ниту на другиот да не трпи поради другиот.

Паровите кои делуваат како тим, се обидуваат да пронајдат начин за да ја завршат работата, а да не ја жртвуваат позицијата и понатаму да му помагаат на партнерот.

najvazna-odluka-vo-karierata-e-onaa-so-kogo-ke-se-vencate-3

Без драми поради промени

Промените се секогаш можни и треба да бидете секогаш подготвени. Со оглед на тоа што се работи за кариерите на двајцата, многу лесно е можно да се појави некој нов проект или патување.

Сите промени кои бараат флексибилност и подготвеност за прифаќање на ситуацијата онаква каква што е. Во сите ситуации потребно е партнерите да си даваат меѓусебна поддршка за да можат заеднички да го согласат распоредот.

Паровите кои оставаат простор за промени, согласувања, разговор и договор сигурно ќе функционираат како одличен тим и ќе можат да се носат со сите животни проблеми.

najvazna-odluka-vo-karierata-e-onaa-so-kogo-ke-se-vencate-1

Би можело да ве интересира:

„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
6 тајни за вашата работа, кои шефот не сака да ги знаете (а треба) Надредените знаат многу за вашата онлајн активност на компјутерот на работа, има...
5 типа на луѓе што најчесто може да бидат жртви на булинг на работното место (и зошто?) Луѓето што се жртви на булинг на работното место најчесто се врвни професионалци...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg