7 начини да работите 10 пати побрзо

Ако имате проблем со задачите кои ви одземаат голем дел од денот, постојат неколку начини да ја зголемите својата продуктивност. Почувствувајте напредок и чувствувајте се исполнето со само 7 едноставни чекори.

7-nacini-da-rabotite-10-pati-pobrzo-01

1. Разбудете се рано

Успешните луѓе тврдат дека раното станување е најважно за продуктивен ден. Искористете го времето кое го имате за да појадувате здраво, да испиете кафе или чај и да започнете со подготвувањето со мирна глава. Ако имате проблем со раното станување, секое утро будете се барем 15тина минути порано од претходниот, сè додека не го постигнете посакуваното време.

2. Направете список

Ќе се чувствувате поорганизирано ако имате список со активности и цели. Работите кои ќе ги завршите прецртајте ги, затоа што тоа ќе ви ја зголеми мотивацијата. Како што задолженијата ќе се намалуваат, така вашата насмевка ќе расте.

3. Јасно одредете ги целите

Сите сме попродуктивни и повредни кога знаеме кон што целиме. Ако сакате да стигнете на вечера со пријателите, на пример, бидете побрзи во извршувањето на задачи. Не е важно колку големи се вашите цели, важно е само да ги поставите.

4. Наметнете си себе си поголема одговорност

Секогаш споделувајте ги вашите цели и желби. Обврзете се, кажете и на вашата мајка или пријателка дека од утре почнувате секој ден да вежбате или да одите пешки на работа. За било што и да се одлучите, ако ги соопштите некому вашите идеи, постои поголема можност да ги остварите.

5. Завршувајте ги најтешките обврски на почетокот на денот

Во нашата природа е работите кои ни се потешки да ги оставаме за крај. Но, натерајте се побрзо да го пребродите она што ви е потешко, па останатиот дел од денот сè ќе ви изгледа лесно.

6. Почастете се

Ако сте имале добар и продуктивен ден, не заборавајте да се наградите. Ако сте во можност купете си облека или нови чевли, но понекогаш доволен е и чоколадниот мафин или сладолед.

7. Вашите цели нека бидат видливи

Ако сте си поставиле одредени цели, потрудете се тие да бидат видливи. Ставете ги на табла со стикери или на мониторот. Поентата е во тоа тие да ви бидат достапни кога и да се почувствувате изморено или непродуктивно.

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените? Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Ило...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg