Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што праваат успешните луѓе за време на викенд?

Со денови го очекуваме, а потоа може да бидеме жртва на преголеми очекувања, па да ја започнеме новата работна недела незадоволни и уште поуморни. Проверете што стручните лица препорачуваат да правите во текот на еден викенд за да го доживеете како вистински одмор.

vikend-naviki-na-uspesnite-luge-01

Ова го прават успешните и среќни луѓе, па можеби ќе пробате и вие...

1. Резервирајте време за семејството и пријателите. Ова е посебно важно, затоа што во текот на неделата сè помалку време минувате со саканите личности.

2. Секој би требало да е активен за време на викендот, посебно ако вежбањето го изоставивте веќе подолго време. Тоа е совршена активност за да го разбистрите умот и да осмислите нови идеи.

3. Успешните луѓе за време на викендот се посветуваат на работите кои им се важни и кои ги сакаат, па затоа е паметно да поминете повеќе време на активностите кои ве прават среќни и исполнети.

4. Одморете се, викендот пред сè е време кога треба квалитетно да ги опуштите мускулите и да уживате во минимум 8 часа сон.

5. Имајте навика да се исклучите од сите мејл адреси и социјални мрежи. Супер би било и ако прошетате без мобилниот телефон и без да одговорите на деловните повици.

6. Волонтирајте во некоја хуманитарна организација и запознајте луѓе со малку поразлични животни навики и вредности. Бидете креативни и задоволни со она што го правите.

7. Избегнувајте ги ситните поправки за време на двата слободни денови. Доколку навистина не ви е неопходно, подобро е да се одморите од непотребните физички активности.

vikend-naviki-na-uspesnite-luge-02

8. Направете план и бидете поделотворни од било кога.

9. Дружете се и не ги изоставувајте или откачувајте пријателите кои ќе ве викнат на утринско кафе, пиво или излегување. Бидете активни кога и да можете на друштвено поле.

10. Запознајте нови луѓе и воспоставувајте нови контакти кога и да ви се пружи шанса. Никогаш не знаете кој кога ќе ви се најде.

11. Размислувајте за вашите можности и постигнувања. Зголемете ја самодовербата за само неколку часа и убедете се дека сè што до сега сте постигнале е успехот кој ви е потребен.

12. Медитирајте. Понекогаш потребен ви е мир и потполна тишина, ништо повеќе...

13. Наполнете ги батериите така што ќе го успорите темпото за време на викендот. Имајте помалку обврски, а повеќе време за уживање.

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Најдобрите менаџери водат со пример (работат рамо до рамо со вработените) Голем дел од незадоволството на работното место треба да им се припише на менаџе...
6 тајни за вашата работа, кои шефот не сака да ги знаете (а треба) Надредените знаат многу за вашата онлајн активност на компјутерот на работа, има...
5 типа на луѓе што најчесто може да бидат жртви на булинг на работното место (и зошто?) Луѓето што се жртви на булинг на работното место најчесто се врвни професионалци...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg