10 особини кои ќе ве доведат до лидерска позиција

Универзално упатство за тоа како се станува менаџер не постои, но неколку совети од Лондонската школа за односи со јавноста, секако ќе бидат од корист и ќе ви го олеснат патот до лидерската позиција.

10-osobini-koi-ke-ve-odvedat-do-liderska-pozicija-1

Немојте сите заслуги за успех да си ги припишувате себеси. И на вашите соработници им е многу важно да ги пофалите.

1. Усовршувајте се
Постојано мора да учите и да се усовршувате. Новите сознанија, откритија и новите луѓе треба да ви бидат предизвик.

2. Почитувајте ги другите
Треба да ги почитувате и да ги разбирате луѓето од вашето опкружување, како и нивните посебности и различности.

3. Правилно проценувајте
Научете да ги слушате луѓето околу себе. Извежбајте се да го забележувате и она што на изглед е неважно. Тоа може да ви помогне да избегнете погрешни проценки.

4. Бидете сигурни во своите одлуки
Мора точно да знаете што сакате, а што не; да бидете подготвени да донесувате одлуки и да носите одговорност за одлуките кои сте ги донесле.

5. Верувајте во себе
Мора да верувате во себе, но и во другите и да бидете подготвени на компромиси. Тоа ќе ви помогне да уживате во тимската работа, која е основа на доброто лидерство.

10-osobini-koi-ke-ve-odvedat-do-liderska-pozicija-2

6. Прифатете го проблемот како предизвик
Добриот лидер мора да биде прибран и подготвен во кризниот момент. Проблемите треба да се сфатат како можност да се научи нешто ново и да се напредува.

7. Организирајте се добро
Мора да бидете добро организирани. Неорганизираноста во секој сегмент од животот може скапо да ве чини, а во работата може да биде и фатална.

8. Верувајте им на соработниците
За вашите соработници да ви веруваат вам, потребно е и вие ним да им верувате. Помогнете им да се развијат и да ги делат вашите уверувања и амбиции.

9. Не си ги припишувајте сите заслуги
Немојте сите заслуги и успехот да си го припишувате само себеси. И на вашите соработници им е важно да ги пофалите. Ако го направите тоа, ќе ги мотивирате да бидат уште подобри.

10. Бидете мистериозни
Сите лидери се по малку мистериозни. Треба да бидете пријатни и луѓето да уживаат во вашето друштво, но не треба со нив да ги делите своите тајни и приватни проблеми.

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg