Кои професии ќе бидат најисплатливи во иднина?
Секојдневно ни пристигнуваат нови црни прогнози во врска со вработеноста и понудата на работни места, а експертите тврдат дека за сè е виновна неусогласеноста на слободните работни места и бројот на квалификувани луѓе.
Американската страница 24/7 Wall St. која се занимава со анализа на финансискиот сектор користејќи податоци собрани во САД, направила листа со работни места кои ќе бидат барани во иднина, поточно до 2020 година. Една од мерките била годишната заработувачка да не биде под 30 илјади долари годишно.
Вака изгледа листата:
1. Проценител на математичка веројатност (експерт кој се занимава со проблеми од аспект на финансиска неизвесност и разлики користејќи математички методи на теоријата на веројатност, статистика и финансиска математика).
Просечна годишна плата: $87.000 долари
2. Стаклар
Просечна годишна плата: $36.000 долари
3. Статистичар
Просечна годишна плата: $72.000 долари
4. Дератизатор
Просечна годишна плата: $30.340 долари
5. Преведувачи и толкувачи
Просечна годишна плата: $43.300$
6. Оптометрист (здравствен работник кој се специјализирал за преглед на видот и апликација на контактни леќи)
Просечна годишна плата: $94.990$
7. Менаџер на природни науки (надгледува научни истражувања)
Просечна годишна плата: $116.020 долари
8. Експерти од областа на маркетингот и аналитичари за истражување на пазарот
Просечна годишна плата: $60.570 долари
9. Работници за изолација
Просечна годишна плата: $35.110 долари
10. Здравствени техничари и техничари за заштита на околината
Просечна годишна плата: : $41.380 долари
Меѓу најбараните професии во наредните децении ќе бидат и стручните еколози, аналитичарите за заштита на животната средина, менаџери за безбедност итн.
Која е вашата професија?