Како да се вработите во мултинационална компанија?
Слушнавте за навистина одлична работа, со добра плата и поволни услови. Сè што треба да направите е да аплицирате! Но единствен проблем е што...
...знаете дека таквата работна позиција ќе привлече огромен број потенцијални кандидати. Како да се издвоите од нив?
Кои елементи треба да ги содржи едно совршено CV? Како да го прилагодите на бараната работна позиција? Кои ставки задолжително треба да ги има во Вашето мотивационо писмо? Како да ја добиете работата од соништата?
Како што може да претпоставите, регрутацијата и селекцијата на вистинскиот кандидат за одредена работна позиција е комплексен процес. HR менаџерите се многу зафатени личности. Имаат само неколку часа на располагање за разгледување на илјадници апликации. Вашето CV е првичниот контакт кој го имате со компанијата. И врз основа на примарниот впечаток ги селектираат примените апликации. Доколку креирате позитивен прв впечаток, Вашите шанси за вработување се поголеми. Добро напишано CV и мотивационо писмо се предуслов за следната фаза во процесот на барање на работа, а тоа е интервјуто.
Но дури и да се најдете меѓу кандидатите кои ќе поминат во следната фаза, за да стигнете до вашата финална цел, треба да изодите подолг пат, да поминете повеќе тестови, интервјуа и да импресионирате многу одговорни личности. Сигурно многупати сте се запрашале како да се подготвите за најважниот состанок во Вашата кариера и како да го воодушевите работодавачот уште на првото интервју за работа?
Поради сето ова, Triple S Group моделира настан само за Вас, Ви нудиме можност да стигнете до Вистинските личности, до оние кои ја имаат финалната одлука во процесот на селекцијa. Искористете ја оваа networking можност да остварите контакт и соработка со HR менаџери кои ќе ви помогнат да го изодите патот до успехот. Бидете дел од ова неповторливо искуство и дознајте како да го убедите идниот директор дека поседувате нешто вредно за неговата компанија!
Со оваа конференција сакаме да Ви помогнеме да ги зголемите шансите за успех на професионален план.
Конференција на тема: Како да се вработите во мултинационална компанија, со десет HR менаџери од најдобрите компании во Македонија, 07 април.
И не заборавајте! Вашето CV и мотивационо писмо се еден вид на сопствена реклама. Дознајте како да го привлечете вниманието на работодавецот и да се издвоите од останатите кандидати!
Повеќе информации за оваа конференција на www.tsl.mk или на mk.kolektiva.net
Следете нè на нашата Фејсбук страница, во текот на денот ќе доделиме карти за најсреќните.