12 прекрасни невестински трендови кои би ги посакале за вашата свадба

 Најдобар начин да се исцрпи инспирација за украсување на вашата венчаница или свадба се секако најновите невестински трендови од Bridal Fashion Week.

 12-prekrasni-nevestinski-trendovi-sto-bi-gi-posakale-za-vashata-svadba-01.jpg

Погледнете кои се најубавите трендови кои ја одбележаа модната недела и искористете некој од нив за вашиот посебен ден. 

1. Балетски детали на грбот

Балетските детали со сатенски машни никогаш нема да излезат од мода, но кога ќе ја пренасочите нивната намена од чевли, во невестински фустан, има многу повеќе смисла.

12-prekrasni-nevestinski-trendovi-sto-bi-gi-posakale-za-vashata-svadba-03.jpg

12-prekrasni-nevestinski-trendovi-sto-bi-gi-posakale-za-vashata-svadba-02.jpg

2. Акцент на ракавите

Дизајнерите оваа сезона посветиле повеќе внимание на ракавите, кои наместо да бидат тесни, се шират надолу во ѕвончеста форма.

12-prekrasni-nevestinski-trendovi-sto-bi-gi-posakale-za-vashata-svadba-04_copy.jpg

12-prekrasni-nevestinski-trendovi-sto-bi-gi-posakale-za-vashata-svadba-05.jpg

3. Цветни детали во косата

Цветните круни со години беа опфатени во сите невестински колекции и на повеќето можеби веќе им се здосадени. Но, доколку сепак сакате цветни детали во вашата коса, обидете се со нешто поразлично од обична круна.

12-prekrasni-nevestinski-trendovi-sto-bi-gi-posakale-za-vashata-svadba-06.jpg

12-prekrasni-nevestinski-trendovi-koi-bi-gi-posakale-za-vashata-svadba-2.jpg

4. Јакни што му даваат необичен изглед на фустанот

Тексас или кожната јакна може навистина да му даде уникатен и необичен изглед на класичниот бел фустан. Посебно, ако има некој интересен натпис или дезен на неа.

12-prekrasni-nevestinski-trendovi-sto-bi-gi-posakale-za-vashata-svadba-09.jpg

5. Венчаница што се влече од позади

Доколку сакате да изгледате моќно и грациозно, изберете венчаница која се влече и дајте им причина на вашите гости да ви се восхитуваат и да не можат да го тргнат погледот од вас.

12-prekrasni-nevestinski-trendovi-sto-bi-gi-posakale-za-vashata-svadba-10.jpg

12-prekrasni-nevestinski-trendovi-sto-bi-gi-posakale-za-vashata-svadba-11.jpg

6. Машни

Големи или мали, врзани или преклопени, машните се нешто што се во тренд во моментов. Можете да ги заврзете на вашата рака, да висат од назад на вашиот грб, да бидат дел од велот, или да ги вметнете на некој друг начин во вашиот изглед.

12-prekrasni-nevestinski-trendovi-sto-bi-gi-posakale-za-vashata-svadba-12.jpg

7. Долга лента од цвеќиња во замена за букет

Доколку имате желба да носите голем и богат бидермаер полн со цвеќиња, тоа е сосема прифатиливо. Но, сепак има нешто навистина посебно во оваа нежна цветна лента што виси покрај венчаницата како склоп од неа, за сите оние не толку традиционални невести.

12-prekrasni-nevestinski-trendovi-sto-bi-gi-posakale-za-vashata-svadba-14.jpg

8. Позлатени тонови

За оние кои сакаат нивната свадба да изгледа раскошно и божествено како од бајките, венчаница со позлатени тонови е вистинскиот избор.

12-prekrasni-nevestinski-trendovi-sto-bi-gi-posakale-za-vashata-svadba-15.jpg

9. Различни материјали за контраст

Различните материјали измешани во слоеви се како да имате на себе два различни фустани сошиени во едно, а така ќе имате  уште повпечатлив и необичен изглед.

12-prekrasni-nevestinski-trendovi-sto-bi-gi-posakale-za-vashata-svadba-16.jpg

12-prekrasni-nevestinski-trendovi-sto-bi-gi-posakale-za-vashata-svadba-17.jpg

10. Гламурозна венчаница во слоеви

Има нешто посебно во оваа дводелна венчаница, чиј долен дел би можел да биде модерен фустан сам по себе, но горниот сив дел остава полуксузен и интересен впечаток. Замислете како би изгледале додека се вртите во овој фустан.

12-prekrasni-nevestinski-trendovi-sto-bi-gi-posakale-za-vashata-svadba-18.jpg

 

11. Висок шлиц

Шлицот до бутови не е нешто што не сме го виделе и претходно, но овојпат шлицот е до половината и може да биде од двете страни, што остава цел отворен простор помеѓу нозете.

12-prekrasni-nevestinski-trendovi-sto-bi-gi-posakale-za-vashata-svadba-19.jpg

12. Шарени декорации

Цветните аранжмани и декорациите на масите не мора да бидат еднобојни и монотони. Тие сега може да бидат во сите бои на виножитото и да изгледаат прекрасно.

12-prekrasni-nevestinski-trendovi-sto-bi-gi-posakale-za-vashata-svadba-20.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за венчаници за невестите со облини кои се тренд оваа пролет Девојките со „некој килограм плус“ не треба да се грижат, зашто постојат одлични...
Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...
10 модели на венчаници кои ќе бидат хит во 2024 година Шарени цветови, впечатливи деколтеа, одвоени ракави … погледнете ги овие доминан...
5 предлози за невестински маникир кои ќе бидат хит во 2024-та Светло розовите нокти се женствени и ќе бидат популарен избор во 2024&...
Идеи за живописни бидермаери ако вашата свадба е во есен Рози во комбинација со суви цветови, трева во повеќе нијанси, далии, хризантеми ...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg